Најчитаниот хороскоп на светот: Што открива за вас келтската астрологија?
Објавено во: Општо 01 Март, 2017 15:02
Бор (18 март – 14 април)
Келтите верувале дека борот ги поврзува машките и женските принципи и помага во создавањето рамнотежа. Според ирската легенда првиот маж бил создаден од ова дрво. Луѓето родени во знакот бор се снажни, сакаат авантури и подготвени се својот пат сами да го обележат. Сакаат своите битки сами да ги водат, но имаат и храброст за тоа. Духот им е немирен и неуморен, а натпреварувањето им е нормална секојдневна појава. За овие луѓе не постојат граници и тие постојано истражуваат нови пространства. Ентузијасти се, но можат да бидат и себични и непромислени. Тие имаат саркастична смисла за хумор и секогаш отворено кажуваат што мислат. Луѓето родени во знакот бор се страсни и се секогаш отворени за љубов.
Боја: тегет
Планета: Марс
Животно: лисица, мечка
Врба (15 април – 12 мај)
Врбата симболизира женственост. Келтите верувале дека бремените жени треба да стават ткаенина под врбово дрво и во неа да фатат овенати лисја за да имаат лесно породување. Луѓето родени во знакот врба имаат силна волја, извонредно помнење, практични се и брзо реагираат. Тие често го менуваат расположението, па поради тоа е тешко да ги разбереш и запознаеш. Мајките имаат силно влијание на овие личности низ целиот живот, но кога еднаш ќе се одлучат за врска тие се многу верни и посветени. Нивната смисла за хумор не е секогаш лесно да се разбере. Луѓето од овој знак се многу мудри, а тоа ги прави добри пријатели кои умеат да дадат добри совети, па поради тоа се ценети во друштво.
Боја: сите светли нијанси
Планета: Месечина
Животно: зајак
Глог (13 мај – 09 јуни)
Се верува дека на сопственикот на ова дрво тоа му носи богатство и напредок. Личностите родени во знакот глог се харизматични, креативни и преполни со идеи. Многу се талентирани, па поради тоа лесно се приспособуваат на секоја ситуација. Освен тоа, тие лесно влијаат на другите, спонтани се и добро комуницираат со луѓето, а имаат и многу самодоверба поради што лесно се наметнуваат како водачи. Како пријатели се искрени. Имаат остра смисла за хумор. Ги привлекува новинарството и книжевноста.
Боја: пурпурна
Планета: Вулкан
Животно: пчела
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





