Најчитаниот хороскоп на светот: Што открива за вас келтската астрологија?
Објавено во: Општо 01 Март, 2017 15:02
Бршлен (30 септември – 27 октомври)
Келтите верувале дека девојките треба да носат бршлен за да им донесе среќа и заштита од неплодност. Личностите родени во знакот бршлен се многу издржливи. Имаат многу таленти, кои често ги доведуваат до слава и општествени признанија. Тие се луѓе со жив карактер и оригинален единствен стил. Неуморни се и весели, сакаат друштво и лесно наоѓаат пријатели, бидејќи не сакаат никого да навредат. Овие личности имаат силна волја и оптимизам, чувствителни се, романтични и вечно вљубени во некого.
Боја: светлосина
Планета: Перзефина
Животно: гуска, пеперуга
Трска (28 октомври – 24 ноември)
Келтите трската ја сметале за дрво поради густиот корен. Тие верувале дека трската воведува ред после хаосот. Овие личности имаат силна фантазија и јасен поглед на комплексните работи. Добри пријатели се и покрај тоа што можат да бидат особено љубоморни. Како партнери се лојални. Луѓето од овој знак се горделиви, независни и не се плашат од ништо. Тие сакаат предизвици и веруваат во судбина. Поради својот дух и храброст се придржуваат до моралните вредности, бидејќи во спротивно можат да се претворат во многу опасни луѓе.
Боја: зелена
Планета: Плутон
Животно: був
Бозел (25 ноември – 23 декември)
Кај Келтите бозелот е симбол на раѓањето и смртта. Тие верувале дека ако некој со себе носи гранче бозел нема да може да гледа визии и духови. Исто така тие верувале дека палењето дрво од бозел е предзнак на смрт. Луѓето родени во знакот бозел се љубопитни и со немирен дух, па поради тоа често патуваат. Имаат среќа во животот и профитираат уште во младоста. Овие личности имаат екстравагантен вкус, не ја сакаат рутината и тешко може некој да ги убеди во нешто. Нивната вистинска сила лежи во тоа што секогаш точно знаат кога се во право. Во врските се отворени , но никогаш не се заљубуваат докрај.
Боја: црвена
Планета: Сатурн
Животно: црн коњ, дабар
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





