05 Декември, 2025
0.0276

НАЈДОБРАТА ЖЕНА ВО ХОРОСКОПОТ: Секогаш кога ви е потребна, таа е тука

Објавено во: Општо 16 Април, 2018 17:02

Добивај вести на Viber

Важи за најгрижлива дама во хороскопот, па затоа мажите често ја бираат за сопруга и мајка на своите деца.

Одлучна, упорна, доследна, реална, стабилна, бескомпромисна, добар слушател, тврдоглава, издржлива, толерантна, одговорна, грижлива, способна, силна, заводлива, фокусирана!

Нејзината најголема сила лежи во два победнички квалитети кои ги поседува – чувствителност и трпение. Лесна по природа, но тоа не значи дека со неа може да се манипулира. За многу нешта има силно мислење кое тешко дека може да го промени, а доколку некој се обиде да ги “тестира” нејзините граници, ќе го разбуди нејзиниот огнен темперамент.

Таа е – жена Бик!

Сепак, оваа дама избегнува да го покажува својот темперамент, затоа што во животот тежнее кон рамнотежа и сигурност. Ја сака природата и најмногу од се сака да живее во пријатна и шарена животна средина. Не е авантуристка и не сака да презема ризици, поради што не знае најдобро да се справи со ненадејни промени.

Подобро функционира во рутина и монотонија, поради што речиси никогаш не бара големи животни промени, туку ја предизвикува некој надворешен фактор. Сепак, какви и искуства да и донесе животот, брзо учи од нив и многу веројатно дека нема да ја направи истата грешка два пати.

Врска и брак

Еден од најпосветените и најлојалните хороскопски знаци. Во врска никогаш не брзаат, многу и е важно комплетно да го запознае партнерот и да биде сигурна дека го одбрала оној вистинскиот пред да се врзе и впушти во сериозна врска. А еднаш кога ќе кажат да, тоа веројатно е засекогаш.

Мажот кој сака да ја освои треба да биде подготвен на многу додворување и заведување, бидејќи тоа е патот до срцето на оваа жена. Оној кој ќе ја освои, тој ќе добие многу, затоа што жените родени во овој хороскопски знак по природа се грижат многу за другите, поради што во врската ќе се трудат да дадат што повеќе, се додека партнерот е лојален и верен и додека и дава чувство на сигурност и безбедност.

Многумина кои го поминале тоа искуство, жената Бик ја опишуваат како волшебна љубовница. Во љубовта најдобро се согласуваат со Рак, Девица, Јарец и Риба.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: