05 Декември, 2025
0.3213

Најдобрите бизнис книги кои треба да ги прочитате во 2016!

Објавено во: Стил, Финансии 14 Јануари, 2016 13:40

Добивај вести на Viber

Не мора да бидете дел од Силиконската долина за да добивате совети од влијателните личности. Наместо тоа, доколку тоа е сферата на вашиот интерес и сакате да читате на англиски бидете први и прочитајте некоја од овие книги во 2016 година.

’The Index Card’- автори е  Helaine Olen и Harold Pollack. Во книгата објаснуваат дека управувањето со личните финансии не е кој знае што страшно.

’The Power of Broke’-познатиот претприемач и телевизиска личност  Daymond John. Тој својата прва работа ја започнал со 40 долари. Иако тогаш му изгледало како голема препрека, денес наведува дека недостатокот на пари е одличен двигател и силен предуслов за кративност.

’Originals’- Adam Grant е најмладиот признат некогаш професор на универзитетот Вартон. Тој во овој дел истражува како оригиналните идеи и мислители може да го променат светот.

’How to have a good day’- од Caroline Webb. Во оваа книга се набљудува феномент на секојдневна приказна од канцеларија, како да се избалансира животот и работата. Значи, се испитуваат најдобрите научни начини да се изборите со „burnout“-от.

’How to Make Your Money Last’-која ќе ја објави  Jane Bryant Quinn, еден од најчитаните новинари во областа на личните финансии. Тој се занимава со предизвици на финансискиот планирање, меѓу кои и оние како да се штеди за пензија.

’The Industries of the Future’- чиј автор е Alec Ross, поранешен државен секретар на Хилари Клинтон. Тој пишува за своето искуство и запознавање со стартапите во 41 земја и идентификување на големите идеи во бизнис работењето.

’Superbosses’- книга на Sydney Finkelstein. Без разлија на браншата и индустријата, лидерите имаат несекојдневна способност да инспирираат други. Во книгата низ повеќе од 200 интервјуа е прикажано кои се всушност супер-лидерите.

’Sprint’- која ја издале авторите Jake Knapp, John Zeratsky и Braden Kowitz. Во заедничката работа на иновации доаѓа до разни сознанија, а во оваа книга објавуваат единствен метод за решавање на проблемите на техничкиот гигант.

’Find Your Extraordinary’- која ја напишала Jessica Herrin. Книгата е напишана во дел како мемоари, а дел како водич за жени претприемачи. Книгата на оваа инспиративна директорка ќе се најде во продажба од мај.

’The Inevitable’- ја издава  Kevin Kelly. Во оваа книга се објаснува успонот на поедини индустрии и неизбежни виртуелни реалности после технолошкиот напредок.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: