05 Декември, 2025
0.3802

Најдобрите економски изјави во 2012!

Објавено во: Стил 02 Јануари, 2013 16:43

Добивај вести на Viber

Банкрот на аптеките „Schlecker“, драмата во Грција, проблемите со банките - неколку изјави поврзани со економските проблеми секако ја одбележаа изминатата 2012 година. Во продолжение Ве потсетуваме на дел од „славните“ реченици изговорени од самиот политички и економски врв! „Има различни начини мачката да ги сокрие ушите со крзното"Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард ова го изјави на 24-ти  јануари за германско радио, а по повод преговорите на Атина со банките за доброволно преконструирање на долгот на Грција. „Можеби не ме разбравте. Нема ништо останато“Наследничката на синџирот аптеки „Schlecker“ за време на банкротот, Мајке Шлекер ова го изјави на 30 јануари како одговор на прашањето на репортерка, која прашува дали нејзиното семејство се уште има големо лично богатство. „Преговорите за условите не се концерт по желба."Ова го изјави шефот на „IG Metall“-Бертолд Хубер на 20 мај во Зинделфинген, а  по повод новите договорите со работодавците. „Теоретски секој граѓанин на Германија имал контакт со фалсификувани пари."Славната изјава ја даде директорот на Бундесбанк, Карл-Лудвиг Тиле по повод објавените на 16 јули податоци за лажни пари во Германија откриени во првата половина на 2012 година. „Атина треба да разбере дека еврозоната може и да си ги покаже забите. Германците не можат вечно да бидат благајник на Грција."Баварскиот министер за финансии Маркус Зодер ова го изјави на 5 август како повик за повлекување на Грција од еврозоната. „Се потпираме на институциите и токму затоа во моментов до одреден степен сме напуштени."Поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит на 8 ноември ја кажа оваа реченица во текот на економскиот форум по повод развојот на економската ситуација во Европа. „Искрено, не ни е цел да бидеме меѓу најопасните банки во светот."Рече главниот извршен директор на банката „Commerzbank“ Мартин Блесинг на 8 ноември во Франкфурт по повод тргањето на банката од една глобална листа на банки. „ Секоја снегулка вреди по 1 цент ".Главниот извршен фиректор на продавниците „Sport 2000“ Андреас Рудолф ова го изјави на 7 декември, а по повод важноста и значењето на студената и снежна зима за продажба на стоките во спортските продавници.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: