05 Декември, 2025
0.0413

НАЈЕЛИТНИОТ СНАЈПЕРИСТ ПРИСТИГНА ВО УКРАИНА: Неговите мети ги погодува на далечина и од 3,5 километри

Објавено во: Стил 10 Март, 2022 14:48

Добивај вести на Viber

Еден од најдобрите снајперисти во светот пристигна во Украина. Елитниот снајперист, познат само по прекарот „Вали“ се приклучил на борбите во Украина и го опишал своето искуство за NBC News.

Снајперистот, кој бил член на елитната 22-ра кралска ескадрила на канадската армија, служел во Ирак и Авганистан и учествувал во курдските борби против ИСИС. Неговите мети „Вали“ ги погодува од неверојатни далечини и него му се припишува „светскиот рекорд“ за најдолг убиствен истрел досега.

Имено, во јуни 2017 година, елитниот снајперист застрелал терорист на Исламска држава од неверојатна далечина од 3.450 метри – што е повеќе од две милји, пишува NBC News.

Сега е во Украина, бидејќи, како што самиот вели, сака да им помогне на луѓето таму, кои веќе две недели се под инвазија на руската армија.

„Сакам да помогнам, тоа е многу едноставно. Морам да им помогнам на луѓето кои се бомбардирани од некој само затоа што сакаат да бидат Европејци, а не Руси“, изјави „Вали„

„Воли“ е, инаку, ветеран и откако ја напуштил војската станал програмер.

"Моето семејство остана во Канада, а јас ќе го пропуштам првиот роденден на мојот син. Но, не можев да останам настрана и да гледам што се случува во Украина", рекол снајперистот.

Ова е неговата приказна...



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: