Најевтин европски град е Вилнус, а зад него е град од соседството
Објавено во: Стил 11 Март, 2019 21:38
Вилнус, главниот град на Литванија e најевтин европски град за 2019 година.
Британската компанија The Post Office секоја година објавува листа од најевтините градови во Европа.
Во предвид се земени цените на туристичките атракции, градскиот превоз, храната и пијалаците, како и две ноќевања во двокреветна соба во хотел со три ѕвезди.
Вилнус е најевтина опција, и таму сè чини 170 евра од човек, но во тоа не е вклучена цената на превозот до и од градот. Во извештајот се додава дека цените се 11 проценти пониски во однос на минатата година.
Ова е целосната листа на најевтини европски градови за оваа година:
1. Вилнус, Литванија
2. Белград, Србија
3. Варшава, Полска
4. Истанбул, Турција
5. Букурешт, Романија
6. Порто во Португалија
7. Рига во Летонија
8. Братислава, Словачка
9. Москва, Русија
10. Прага, Чешка
фото Википедија
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





