05 Декември, 2025
0.0263

Најфаталните жени во Зодијакот: Ќе ве сакаат до небо, но ниту случајно не смеете да ги повредите!

Објавено во: Општо 02 Септември, 2016 22:05

Добивај вести на Viber

Откријте на кои хороскопски знаци им припаѓаат овие фатални и незапирливи дами. Тие се прекрасни, шармантни, софистицирани и би сториле сè за човекот од своите сништа. За него ќе одат низ оган и вода, доколку е потребно и пеш до Месечината, но ако само им се причини дека ὺ врти грб, за него подобро ќе биде да исчезне од лицето на Земјата.

Лав

Лавицата е жена на крајности – ако ве љуби, ќе ве обожава, но ако не, ќе ве мрази од дното на душата. Иако за јавноста е силна, речиси недопирлива и авторитатувна, во прегратката на својот избраник се претвора во мило маченце. Во љубовната врска ù се важни два елемента – да биде поголем авторитет за партнерот отколку тој нејзе и фантастично да си одговараат в кревет. Доколку овие услови се исполнети, не постои пречка за нејзината среќа и емотивна исполнетост. Секако, нејзиниот маж мора секојдневно да ù се восхитува и колку што е можно почесто да ù вели дека таа е една, единствена и неповторлива, вистинско ремек-дело. Освен тоа, пожелно е таа да е и интелектуално посупериорна. Меѓутоа, бајката почнува да се распаѓа оној момент кога тој, поради премор, ќе одбие за прв пат да води љубов со неа. Следното утро ќе види дека автомобилот му е изгребан со клуч, бидејќи тоа за Лавицата не е никаков проблем и ќе го стори тоа без ронка грижа на совеста само со цел нејзиното его да се врати во нормала. Ако случајно тој погледне помлада и поубава од неа, треба да се подготви за долгочасовен монолог.

Лавовите имаат моќ секого да убедат дека црното е бело, па така таа ќе ја искористи и оваа ситуација да го убеди партнерот дека тој веќе не ја сака, дека нивната врска губи секаква смисла и така натаму, иако тоа нему не му е на крај на умот. Ако случајно тој ù каже дека му се чини оти колковите ù се малку пошироки од минатата година, воопшто не треба да се изненади кога таа ќе се појави од никаде, ќе се качи на хаубата од автомобилот и од својата баеги скапа чанта ќе го извади чеканот. Најстрашно е што ќе ги крши сите стакла додека тој е внатре во автомобилот.


Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: