05 Декември, 2025
0.0261

Најфаталните жени во Зодијакот: Ќе ве сакаат до небо, но ниту случајно не смеете да ги повредите!

Објавено во: Општо 02 Септември, 2016 22:05

Добивај вести на Viber

Стрелец

На жената- Стрелец воопшто не ù е тешко да заведе било кој маж, ама таа не игра на картата на својот добар изглед, туку ги намамува со својот ум. Авантуристка, секогаш расположена да испроба нешто невообичаено, со неверојатен темперамент таа е сон за секој маж. За да го пронајде оној вистинскиот, таа може да влезе во безаброј врски, кои најчесто завршуваат бурно, токму поради нејзиниот наглсен темперамент и способноста секому да најде слаба точка. Меѓутоа, кога ќе го најде она што го сакаа, подготвена е максимално да му се посвети и да му биде верна до крајот на животот. За среќникот жената-Стрелец може да биде совршен и убаво спакуван подарок од Бога, ама тој мора да води сметка за своето однесување, бидејќи, во спротивно, сето тоа може да заврши лошо по него. Крајно е нетрпелива, па доколку нејзиниот сакан одолговлекува нешто (а таа сака сега и веднаш), врз него ќе излее цел порој лути и, за една дама, несоодветни зборови. И покрај тоа што можеби не се работи за некоја крупна грешка, кога ќе ја обземе бес таа ја губи контролата врз себе и ја навредува другата страна до изнемоштеност. Од најмали ситници ќе направи драма само ако си помисли дека со нешто е загрозена.

Ќе ги искрши сите чинии што ви ги подарила вашата баба пред затекнатите роднини само затоа што не сте го пофалиле нејзиното предјадење (полоша варијанта е вашиот лаптоп или мобилен, нели!). Го прави ова бидејќи за неа љубовниот живот е главна сфера и ако тука киксне, знае дека наскоро не ќе може да се опорави. Затоа ги бира и не баш најдобрите начини да го задржи саканиот, бидејќи смета дека ваквите ситни пакости (барем таа ги смета за такви) се оној скапоцен зачин што на вашата врска ù дава вистински вкус. –



Претходна страна  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: