17 Мај, 2024
0.0276

Најголем број на нови случаи на заболени од ХИВ во историјата на Европа

Објавено во: Мои пари 01 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Светската здравствена организација повикуваат на подобра превенција, дијагностицирање и третман на ранливите групи, во кои спаѓаат и мигрантите и бегалците

Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) надлежна за европскиот регион регистрирала над 142.000  ХИВ дијагностицирани лица во 2014-та, што претставува најголем број на нови заразени лица за една година досега, од почетокот на нивното евидентирање во ’80-тите. Според најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦПКБ) и регионалната канцаларија на СЗО за Европа, ХИВ епидемијата има најголем размер во источниот дел на регионот, каде бројот на нови дијагностицирани инфекции е зголемен повеќе од два пати, само во последната декада.

Главна причина за пораст на бројките во источна Европа е пренесувањето по хетеросексуален пат, но голем удел има и инфицирањето преку дроги кои се инјектираат. Во земјите од ЕУ и Европската економска област (ЕЕО) пак, примарен начин за пренесување  е сексуалниот однос меѓу мажи.Двајца од тројца нови инфицирани со ХИВ се родум од Европа, додека странците, меѓу кои и мигрантите претставуваат само една третина од нив.

„Оваа година, и покрај сите напори во борбата против ХИВ, во европскиот регион се регистрирани над 142.000 нови инфекции, што е најголем број на нови заболени воопшто некогаш. Ова претставува сериозен проблем“, вели д-рСузана Јакаб, директор на регионалната канцеларија на СЗО за Европа. „Ги повикуваме европските држави да преземат сериозна акција и да ја спречат ХИВ епидемијата еднаш засекогаш, користејќи ги сите информации за превенција и контрола на вирусот, вклучувајќи ги и новите упатства за лекување“.

„Стапката на нови дијагностицирани е зголемена повеќе од два пати во некои земји на ЕУ и ЕЕО, а во други е намалена за 25 проценти од 2004 година наваму. Сепак, глобалната епидемија со ХИВ и понатаму постои и состојбата е главно непроменета“, објаснува в.д. директорот на ЕЦПКБ, Андреа Амон. „Ова значи дека преземените акции за борба со ХИВ во ЕУ и ЕЕО не се доволно ефективни за да резултираат со значително намалување на бројот на инфицирани во последната декада“.

Исклучувањето од општеството доведувадо поголем ризик од ХИВ инфекција меѓу бегалците и мигрантите

Бројот на мигранти инфицирани со вирусот ХИВ во Европа бележи нагло опаѓање последниве десет години, а информациите укажуваат дека голем дел од нив се инфицираат по нивното пристигнување таму.

„Бегалците и мигрантите и понатаму се приоритет при превенцијата и лекувањето на инфицираните со вирусот ХИВ. Конфликтите и катастрофите не треба да го попречат пристапот до услугите кои им се потребни на лицата кои се засегнати од вирусот ХИВ. Кога бегалците и мигрантите се жртви на општествено исклучување во земјите на прием, тие се изложени на поголем ризик од инфекција со вирусот ХИВ, што може да доведе до ризично однесување со коешто се зголемува опасноста од инфицирање. Овој ризик дополнително се зголемува со неадекватен пристап до услугите кои им се потребни на инфицираните со ХИВ и стравот дека ќе се бидат стигматизирани“, нагласи д-р Јакаб. „СЗО ги повикува сите земји во Европа да им овозможат услуги за превенција, тестирање и лекување од оваа инфекција на сите бегалци и мигранти, независно од нивниот легален статус. Ова е и најсигурниот начин да се заштити домашното население од инфекција со ХИВ“.

Сексот меѓу мажи еглавниот начин на инфекција во ЕУ и ЕЕО

И покрај конкретните програми за превенција во многуте европски земји, сексот помеѓу мажи е примарниот начин за пренесување на вирусот во ЕУ и ЕЕО.

„Бројот на ХИВ дијагностицираните случаи меѓу мажите кои што имаат секс со мажи се зголемува алармантно, од 30 процентиво 2005-та, до 42 отстово 2014 година. Ова покачување е забележливо скоро секаде, освен шест земји од ЕУ и ЕЕО“, нагласува в.д. директорот на ЕЦПКБ Андреа Амон. „Европа мора да ги зголеми своите напори за да допре до оваа група. Тоа вклучува разгледување на нови стратегии како што е пред-експозициска профилакса од ХИВ и пристап до лекување и нега за државјаните ЕУ кои престојуваат во други земји на Унијата“. Во новите препораки, ЕЦПКБ открива седум клучни услуги кои се докажале како ефективни во редуцирањето и превенцијата на инфекцијата со ХИВ меѓу мажите кои имаат секс со мажи.

Пречка за искоренување на СИДАта: задоцнето дијагностицирање

Скоро половина од ХИВ инфекциите во европскиот регион се дијагностицирани доцна; ова го зголемува ризикот од влошена здравствена состојба, смрт и пренос на ХИВ. Големиот број на случаи со СИДА во источниот дел на регионот ја потврдува улогата на задоцнетата ХИВ дијагностика, одложениот почеток на антиретровирална терапија (АРТ) и намалената достапност на лекувањето.

Бројот на случаи со СИДА во ЕУ и ЕЕА константно се намалува. Сепак, две третини од дијагностицираните случаи пријавени во 2014-та настанале за време на или кратко по дијагностицирањето на ХИВ, што покажува дека имунолошкиот систем на овие луѓе веќе почнал да слабее. Касното дијагностицирање е поприсутно меѓу мигрантите, но само половина од земјите од ЕУ и ЕЕО нудат бесплатно лекување за мигрантите кои немаат документи.

Нови глобални упатства за унапредување на превенцијата и лекувањето на ХИВ

Во 2015 година СЗО излезе со нови глобални упатства запревенција и лекување на ХИВ, според кои за сите луѓе кои живеат со ХИВ треба да се воведе антиретровирална терапија, без разлика на бројот на нивните ЦД4 клетки. Сега постојат цврсти докази дека има двојна корист од раниот третман, и за здравјето на личностите кои се лекуваат и за спречување напонатамошното пренесување наХИВ инфекцијата.

Сепак, раното тестирање, подршката од обучени непрофесионалнални лица и потенцијалот за самостојно тестирање за ХИВ треба да се зголеми за инфицираните лица да ја користат и оваа нова можност. Ова ќе овозможи рано дијагностицирање и старт на лекувањето, што ќе резултира со подобар резултат од третманот и намалено заболување и смртност.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!