03 Мај, 2024
0.0236

Најголем пад на цената на златото во триесет години!

Објавено во: Стил 15 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Паѓа цената на златото. Само денеска благородниот метал изгуби осум отсто од вредноста, што претставува е најголем дневен пад во изминатите 30 години. Денеска една унца злато(31,1 грам)се продаваше по цена од 1.356,85 долари, што е најниска вредност од февруари 2011 година. Распродажбата на златото во петокот беше поттикната и од од стравувањата за продажба на кипарското злато.

Само во  петокот златото загуби повеќе од четири отсто и прв пат по јули 2011 година неговата цена падна под границата од 1.500 долари за унца.  Денеска падот на цената на златото беше забрзан од паниката на инвеститорите и техничката продажба по преминувањето на клучната граница.

Според аналитичарите, денеска објавените податоци за успорување на економијата во Кина ги урна цените на индустриските суровини за инвеститорите што беше дополнителен изговор за продажба на златото. Освен кај златото, пад има и во цените на другите благородни метали. Цената на среброто падна на најниско ниво од октомври 2010 година, а платината се спушти на најниското ниво од август минатата година.Денеска и цената на нафтата забележа остар пад.