НАЈГОЛЕМ ТЕСТ ЗА ОДНОСИТЕ НА ТРАМП И ПУТИН: Еве која Балканска држава може да предизвика проблеми!
Објавено во: Свет 07 Февруари, 2017
Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Мајкл Флин му препорачува на Доналд Трамп да го поддржи влезот на Црна Гора во НАТО и покрај силното противење на Русија, објави познатиот портал Политико.
Овој потег како што се оценува, ќе биде најголем тест за политиката на новата американска администрација кон Москва.
„Другите НАТО членки и Сенатот на САД го поддржуваат членството на државата со 650 000 жители, која некогаш била дел од Југославија, во НАТО“, пишува Политико.
Порталот цитира неименуван висок претставник на администрацијата на САД дека се очекува Флин да „му препорача на Трамп прием на Црна Гора во НАТО во наредните денови“.