Најголеми виновници за ширење на бактерии во домот се – пешкирите!
Објавено во: Стил 16 Ноември, 2014 21:05
Бактериите кои се задржуваат на пешкирите се најголем виновник за ширење на бактерии во домот, предупредуваат експерти.
Имено, проблемот е во тоа што пешкирите после користењето остануваат влажни некое време, што и тоа како, му годи на ширењето на бактериите.
Неодамна спроведената студија на Универзитетот во Аризона, открила присуство на колиформни бактерии на пешкирите - овие бактерии инаку се наоѓаат во изметот, а на 25,6 одсто од пешкирите била присутна Ешерихија коли.
Можеби сте забележале дека кога се избришете со пешкир, тој после кратко време почне да „мириса“ на застоено, како обично го опишуваме тој мирис. Причината за тоа е што поради задржаната влага, бактериите почнуваат брзо да се развиваат.
„Кога ги избришаме рацете од пешкирот на кој се наоѓаат бактерии, постои опасност после тоа бактериите од рацете да ги пренесеме и на храна, лице или директно во уста“, предупредува авторот на студијата Чарлс Герб.
Експерти тврдат дека некои бактерии на пешкирите можат да преживеат после перење во машина за алишта на ниски температури и сметаат дека ефектно е пешкирите на две минути да ги потопите во избелувач или да ги исперете на висока температура.
Д-р Лиса Акерли предупредува дека никако не би требало со никој да го делите пешкирот и нагласува дека после секоја употреба треба да го ставите пешкирот на место каде брзо ќе се исуши. Та нагласува дека пешкирите би требало да се перат најмалку еднаш неделно, и тоа на 90 степени Целзиусови. Можете да употребувате и избелувач кој исто така ќе ги убие бактериите.
Кога станува збор за пешкирите со кои го бришете лицето, Д-р Лиса Акерли советува секој ден да земате чист пешкир, за да го избегнете евентуално ширењето на бактерии и инфекции кои тие можат да ги предизвикаат.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





