15 Декември, 2025
0.0491

„Најголемиот срам и понижување на државата и професионалците“: Славјанка најави иницијатива до Комисијата за надзор над работата на АНБ

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2024 12:16

Добивај вести на Viber

Пратеничката од редовите на СДСМ Славјанка Петровска, денеска на прес-конференција во законодавниот дом соопшти дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе поднесе иницијатива до претседателот на Комисијата за надзор над работата на АНБ Скендер Реџепи, за свикување на седница на која ќе биде поканет директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, со цел да даде одговори на прашања поврзани со сертификатот по англиски јазик кој го приложил при конкурирањето за директор на Агенцијата.

Според Петровска, именувањето на директор на АНБ е под сомнителни околности и сомнителен серификат за познавање на англиски јазик. Со именувањето на Христовски за директор на Агенцијата, таа вели се руши угледот во НАТО безбедносно-разузнавачката заедница.

- Именувањето на директор на Агенцијата за национална безбедност под сомнителни околности и сомнителен сертификат за познавање на англиски јазик е најголемиот срам, но и понижување на државата и професионалците кои животот и работниот век го посветија во безбедносно-разузнавачката заедница. 

Од сите професионалци кои ја градеа оваа држава и оваа заедница, ДПМНЕ го одбра тренерот по кикбокс за директор и не почестија со фалсификуван сертификат. Агенцијата за национална безбедност не е истата онаа од времето на Горан Грујовски и Сашо Мијалков. Денес оваа Агенција има углед во НАТО безбедносно-разузнавачката заедница и е вклучена во активности и проекти од стратешки интерес за државата, но и НАТО приоритетите. Но, очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ дава се од себе овој углед да го уништи и да го врати како во времето на фамилијата - рече Петровска.

Петровска вели директорот на АНБ треба да даде одговори на прашања поврзани со тоа каде тој престојувал на денот на полагањето за сертификатот по англиски јазик, како и што знае за последните помилувања од страна на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.

- Имаме прашања кои се од значење за интересот на државата и во интерес на јавноста сакаме јавно да ги поставиме и да добиеме одговори. Едно од тие прашања е добиено од свиркачи, вработени во безбедносно-разузнавачката заедница и е следново. Каде бил Бојан Христовски на денот на полагањата? Каде престојувал дента или неколку дена пред датумот на полагањето? 

Но и многу други, поврзани со неговите сегашни активности во Агенцијата, како на пример што тој знае за скандалозните помилувања. Ова се прашања на јавен интерес, јавноста и граѓаните, тие 500.000 што гласаа за ДПМНЕ и Сиљановска на последните избори, но и сите во Република Северна Македонија имаат право да ја знаат вистината. И токму затоа, денеска ќе поднесеме иницијатива до претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност за свикување на седница на која ќе биде поканет директорот на Агенцијата кој ќе даде одговор на овие прашања - рече Петровска.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани