18 Мај, 2024
0.2155

Најголемите неуспеси на најуспешните

Објавено во: Стил 20 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Секој треба да ги прескокне големите пречки на патот до успехот, тоа морале да го направат дури и најуспешните. Ако не си доживеал неуспех или разочарување, никогаш не си пробал нешто ново. Алберт Ајнштајн Не можел да зборува дури и кога наполнил 4 години. Неговите учители велеле дека никогаш нема да може добро да го каже тоа што го размислува. 50 години подоцна, Алберт Ајнштајн е признат како еден од најинтелигентните луѓе на светот. Мајкл Џордан Откако бил исфрлен од средношколскиот кошаркарски тим во неговото училиште, тој се вратил дома, се заклучил во неговата соба и со часови плачел како девојче. Денес Мајкл Џордан има 49 години, а за да ги наведеме сите негови награди и признанија од неговата кариера ќе ни требаат неколку статии. Накратко, Мајкл Џордан од кошарката заработил богатсво со нето вредност од преку 500 милиони долари. Стив Џобс На 30 годишна возраст западнал во депресија откако бил избркан од компанијата која тој ја основал. 20 години подоцна како директор на Apple рушеше рекорди во продажба на луксузни мобилни телефони, лаптоп и десктоп компјутери и MP3 плеери, а сето тоа се случуваше за време на најголемата економска криза! Опра Винфри После само неколку дена работа, Опра Винфри добила отказ од телевизиска компанија со образложение дека не се вклопува добро во "малите екрани". Денес Опра има 59 години, минатата година заработи 290 милиони, а нејзината нето вредност е 2,7 милијарди долари (според Форбс). И да, Опра заработува од ТВ емисии. The Beatles Нивниот прв албум бил одбиен од Decca Recording Studios кои им препорачале да не губат време работејќи на музика затоа што едностанвно - немаат иднина во шоу бизнисот! Денес Битлси се едни од најпознатите рок бендови на сите времиња, со преку 177 милиони продадени албуми. Нивната вкупна заработка се проценува на 1.5 - 2 милијарди долари.