23 Ноември, 2024
0.0330

НАЈЛОШИТЕ НЕДОСТАТОЦИ НА МАЖИТЕ СПОРЕД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК: Ракот плашливо мамино синче, овенот арогантен и самобендисан

Објавено во: Општо 01 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Ве предупредуваме дека фактите може и да не ви се допаднат. Но исто така ве потсетуваме дека иделани луѓе сепак нема.

Мажот Овен

Арогантен и самобендисан, вика и вреска како луд, ако нешто не е по негово. Често ќе ви се чини дека овој човек има потреба од психијатар, а можеби и навистина е така. Троши неразумно и не е во состојба да ги признае своите грешки.

Мажот Бик

Здодевен, алчен, старомоден и опседнат од “практичната страна на нештата”. Тврдоглав како магаре и мрзелив како слон. Згора неа се и со големи побарувања. Ретко превзема иницијатива на интимен план. Се преправа дека е голем добродетел или маченик, но под тие маски се крие еден презир кон се и секого.

Мажот Рак

Плашливо мамино синче. Да знаете дека ако не и се допаѓате на мајка му, многу наскоро и тој ќе си измисли повод да се разделите. Има лоша навика остро да ја навредува жената до себе. Скаран е со романтиката и многу е скржав. Не е амбициозен, доволно му е да седи дома и да си има една “совршена” жена која ќе му готви, чиси и пере. Исто како мама…

Мажот Лав

Тој е ужасно досаден со цврста верба дека е најкомпетентен од сите. Има постојана потреба да го фалиш. Лесно се оддава на алкохол и коцкање.

Мажот Девица

Стане ли збор за интимност и романтика, фантазијата му е не поголема од онаа на комарец. Супер здодевен, вечно гневен или “загрижен” за нешто. Заедно со тоа над претенциозен – полн со критики и барања. Сомничав, критичен, љубоморен. Многу веројатно е да имате детективски наместо љубовен роман меѓусебно.

Мажот Вага

Мисли дека е голем естет и сака да дели памет. Живее во свој розов свет и е апсолутно неадекватен за реалноста. Доколку се заљубите во него бидете подготвени дека вие ќе бидете мажот во куќата. На вашите плеќи ќе паднат тешките одлуки и справувањето со проблемите. За тоа време тој ќе слуша релаксирачка музика и ќе пие вино, убедувајќи ви дека се ќе се среди само по себе.

Мажот Шкорпија

Господар на игрите. Позади неговиот невин поглед се крие една злобна душа. Си има свои убедувања и никогаш нема да ги промени заради тебе – ти си таа која треба да се “смести”. Мисли на секс два пати повеќе од останатите мажи, па дури е малку перверзен во кревет. Тоа се причините понекогаш да си фаќа љубовници, додека на тебе ти се колне во љубов до гроб.

Мажот Стрелец

Се чини дека мозокот му е одвоен од телото. Мисли едно, прави друго, а се добива трето. Постојано сонува за нешто но не прави ни чекор за да го постигне. Предлозите и идеите му се граничат со апсурд, троши неразумно, постојано е во заеми. Не можете да се потпрете на него, тој смета дека се е забава и секогаш си го гледа сопствениот ќеф. Ќе бара постојано да изгледате беспрекорно. Ако тоа се промени, веднаш ќе погледне за друга жена.

Мажот Јарец

Искреност на даночен инспектор, срце на кредитор и чувство за хумор на гробар. За него жената е родена да биде мајка и сопруга. Еднаквост меѓу половите? Што е ова по ѓаволите?! Здодевен, скржав, обожава да го расипува расположението на другите. Секогаш ги обвинува другите за своите грешки.

Мажот Водолија

Неспособен за нормална врска. Никогаш не можете да бидете сигурни што точно му се врти во главата! Склон кон изневери, редовно прави нешто намерно за да им наштети на другите.

Мажот Риби

Се прави чувствителен и грижлив, но речиси никогаш не ги покажува овие квалитети во пракса. Крши срца а потоа се прикажува како жртва. Се насладува додека другите страдаат. Во почетокот се претставува како принц, а потоа сваќаш дека си се фатила со коњот.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.