19 Декември, 2025
0.3180

НАЈМЛАДАТА МИЛЈАРДЕРКА ОДИ ВО ЗАТВОР: Ги загорзи пациентите и проневери милиони долари

Објавено во: Свет 13 Ноември, 2022 14:23

Добивај вести на Viber

Обвинителството побара 15 години затвор за Елизабет Холмс, неуспешната ѕвезда од Силиконската долина, а одбраната побара максимална казна од година и пол, според документите испратени до судот во петокот вечерта.

Основачот на Theranos, развојната компанија која вети дека ќе направи револуција во тестовите на крвта, ќе биде осудена следната недела пред федералниот суд во Калифорнија. Холмс беше прогласена за виновна за измама во јануари по внимателно следено судење.

Проневерила стотици милиони долари

Елизабет Холмс „заслепена од амбициите проневери стотици милиони долари од десетици инвеститори“ и ги „загрози пациентите“, рече обвинителката Стефани Хајндс, обвинувајќи ја пропаднатата претприемачка дека е неодговорна.

Холмс не е опасна, не профитираше материјално од случајот и не заслужува казна од повеќе од година и пол затвор поради неуспех во нејзиниот „амбициозен проект“, возвратија нејзините адвокати.

Елизабет Холмс го основаше Теранос во 2003 година, кога имаше само 19 години, ветувајќи дека ќе создаде технологија која ќе ги поедностави тестовите на крвта и ќе ги поевтини.

Благодарение на добро осмислената приказна и изведба, таа за неколку години успеа да ја придобие довербата и парите на големите инвеститори, привлечени од претприемништвото на една млада жена, ретка во машкиот свет на калифорниските инженери.

Кога компанијата беше на својот врв, нејзината вредност беше проценета на речиси 10 милијарди долари, а богатството на Холмс, мнозинскиот акционер, на 3,6 милијарди, наведува Форбс, кој ја прогласи за најмлада милијардерка во 2014 година.

Како дете, Холмс се плашела од игли и вадење крв. Затоа таа измислила едноставен, брз и ефикасен уред, кој ќе може да направи стотици тестови на крвта од само една капка крв земена од прст, тврдеше таа.

Но, во 2015 година, Wall Street Journal откри голема измама: познатата машина што ја вети Теранос никогаш не профункционира.

ФОТО: EPA

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела