Најмладата преживеана во автобуската несреќа раскажа што се случило кобното утро
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2021
17-годишната Зулејха Јашаровска, една од преживеаните во несреќата која се случи вчера во Бугарија, каде загинаа 45 лица за Алсат раскажа што се случувало кобното утро. Јашаровска рече дека со раце се обидувала да го скрши прозорецот.
Вели дека на нешто се сеќава, а на нешто не.
„Колку што памтам, јас спиев, и кога се разбудив, сите викаа, пискаа, сакав да го земам тоа за кршење, но не успеав, и со рака пробав и потоа не памтам кога се разбудив бев падната на земја…толку“, вели таа.
Седум повредени се во болница во Софија и се стабилни. Покрената е истрага за случајот.
фото Алсат