15 Декември, 2025
0.0325

НАЈМЛАДИОТ ХОСПИТАЛИЗИРАН ВО КАВАДАРЕЧКАТА БОЛНИЦА ИМА 26 ГОДИНИ: Директорот Коцев уверува, има слободни болнички кревети

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2021 07:42

Добивај вести на Viber

Евидентно расте бројот на новозаразените со корона вирусот, а во текот на викендот и министерот за здравство Венко Филипче потврди дека причина за зголемувањето на новите случаи е токму новата мутација, односно британскиот сој кој многу полесно се шири. Најголем број од новите случаи се регистрирани во Охрид, Прилеп и во Кавадарци.

Во разговор за Фактор, директорот на Опшатат болница во Кавадрци, д-р. Диме Коцев истакнува дека болничките капацитети не се преполнети и дека состојбата не е критична. Вели дека во кавадаречката болница, последните два ката се ковид-одделенија, а исполнет е само едниот кат каде се сместени 34 пациенти. Пациентите со потешка клиничка слика, како што истакнува директорот Коцев ги транферираат или на Клиниката за инфективни болести во Скопје, или пак во ГОБ „8 Септември“

-Капацитетот на КОВИД Центарот во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци изнесува 60 болнички кревети. Во моментов се хоспитализирани 34 пациенти, кои се во стабилна општа состојба. Имаме 26 слободни места. Од нив, 23 пациенти се од Кавадарци, а 11 пациенти се од Неготино. Возрасната група на хоспитализирани пациенти се движи од 26 до 78 години. Во овој момент, на постојана кислородна подршка се 23 пациенти , на повремена кислородна подршка се 4 пациенти, а на лекување без кислород се 7 пациенти. Упатуваме апел до граѓаните на Тиквешкиот регион, сериозно да ги почитуваат пропишаните мерки и протоколи за лична и колективна заштита, со цел да се намали брзото ширење на корона вирусот, истакнува директорот Коцев.

Истовремено вели дека сосема при крај се активностите околу Модуларната Ковид болница, во која ќе се отворат дополнителни места во случај да има потреба и за други пациенти болни од Ковид-19, на кои им е неопходно болничко лекување.

-Во финална фаза е изградбата и комплетното опремување на Модуларната КОВИД Болница во дворот на нашата установа. Во истата ќе бидат сместени инфективна амбуланта, тријажен центар, лабораторија, рентген дијагностика и болнички дел со капацитет од 34 болнички кревети. Во согласност со најновите стандарди, во Модуларната болница, ќе биде инсталиран централен довод на кислород до секој пациент. Со тоа ќе се овозможат соодветни услови за преглед, тријажа и прием на нови Ковид позитивни пациенти од Тиквешкиот регион, вели д-р. Коцев.

Инаку, во текот на викендот, како што појаснува директорот на кавадаречката болница, успешно е завршена вакцинацијата на здравствените работници кои работат во тамошниот Ковид-центар.

-Колегите беа во Модуларната болница во кругот на Инфективната Клиника во Скопје. Го поздравуваме процесот на имунизација, затоа што тоа е важен чекор во борбата со пандемијата која ни го смени животот и ги охрабруваме сите граѓани да се вакцинираат, порачува д-р Диме Коцев, директор на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци.

Анита Буховски

ФОТО/ФБ

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“