06 Декември, 2025
0.0261

Најмногу кафе пијат…

Објавено во: Стил 13 Септември, 2014 11:03

Добивај вести на Viber

Едно испитување што го спроведе медиумската куќа Пресат, го објави британскиот весник Гардијан, 85% од анкетираните изјавиле дека пијат најмалку по три шолји кафе на ден, а 70% признале дека нивната работна способност е намалена без редовната доза кафе. „Изгледа дека пиењето кафе е потреба за луѓето во многу професии. Најголеми потрошувачи, кои пијат повеќе од четири шолји кафе на ден, се оние кои имаат стресни професии. Тука се новинарите, кои пијат најмногу, а потоа следуваат полицајците и наставниците во училиштата“, се наведува во истражувањето. Сепак, љубителите на кафе треба да го проучат минатогодишното истражување на Универзитетот Јужна Каролина, кое покажа дека дневната доза на кофеин не смее да надминува 200 милиграми, односно две поголеми шолји за кафе. Во истражувањето на Пресат, пак, професионалците покажале високо ниво на непознавање на штетното дејство на големото количество испиено кафе, па дури 62% од испитаниците одговориле дека не знаат какви здравствени ризици носи прекумерното уживање во кафето. На листата на најголеми конзументи на кафе меѓу професиите во Велика Британија водат новинарите и вработените во медиумите, по што следуваат полицајците, наставниците, трговците, медицинскиот персонал, пооа менаџерите во компаниите, работниците во телефонска продажба, техничари за ИТ поддршка, продавачи во малопродажба и возачи.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: