НАЈМНОГУ НОЌЕВАЊА ИМАЛО ВО ДУБРОВНИК: Колку туристи ја посетиле Хрватска лани?
Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2025 14:17
Хрватска минатата година ја посетиле 21 милион туристи.
Земјата лани ја посетиле 21,3 милиони туристи, кои оствариле 108,7 милиони ноќевања. Тоа е 4,1 отсто повеќе од 2023 година, објави Министерството за туризам и спорт..
Податоците на хрватската даночна управа покажуваат дека во тој период во дејностите поврзани со туризмот се издадени фискални сметки во вредност од близу 7,3 милијарди евра, или 11,5 отсто повеќе од 2023.
Министерството објави дека во минатата година најголем дел од вкупниот број ноќевања, односно 103,3 милиони, се остварени на Јадранот, што е исто така еден отсто повеќе од 2023, а континенталниот дел од земјата со повеќе од 2,7 милиони ноќевања е во плус од пет отсто, а отприлика истата бројка е забележана и во Загреб, што е шест отсто повеќе.
Најмногу ноќевања имало во јадранските жупании – во Истра 30 милиони, а следат Сплитско-далматинската со 20,7 милиони, Кварнер со 18,2 милиони, Задарската со 15,4 милиони, Дубровничко-неретванската со 9,1 милион, Шибенско-книнксата со 6,6 милиони и Личко-сењската жупанија со 3,4 милиони ноќевања.
Најмногу ноќевања во минатата година се остварени во Дубровник, Ровињ, Сплит, Пореч и Умаг.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС




