28 Март, 2024
0.0251

Најновата креација на машки парфем од Guerlain: L’HOMME IDÉAL EXTRÊME

Објавено во: Стил 22 Август, 2020

Добивај вести на Viber

L’HOMME IDÉAL не изненадува повторно! Во 2020 доаѓа најновиот L’HOMME IDÉAL EXTRÊME. Мажот на суперлативите, талентиран до Ектремност.

Тој успева во се што ќе замисли, без разлика дали неговата градероба е формална или пак џинс и патики, или воопшто ништо...И сето тоа без воопшто труд, оставајќи ништо зад себе освен трага од L’HOMME IDÉAL EXTRÊME.


Што го прави овој парфем толку екстремен?

Тоа е концентрација од се што е направен L’HOMME IDÉAL, давајќи елеганција, длабочина и цврстина…На кратко доловува присуство на мулти-талентиран маж.

За оваа најнова интерпретација на L’HOMME IDÉAL, парфимерот на Guerlain, Thierry Wasser, одлучи да го истражи бадемот, како главна состојка која е потпис на овој парфем. Во срцевината на композицијата лежат моќните ориентални и дрвенести ноти кои се засилени со топли, харизматични ноти на тобако.


L’HOMME IDÉAL EXTRÊME парфемот низ три аспекти

Горни ноти

Зачинет допир на чили во комбинација со бергамот, му даваат на бадемот неочекуван, возбудлив зрак, балансирајќи ја играта на контрасти.

Средни ноти

Како контраст на мирисната живост на парфемот, доаѓаат лутите зачини, циметот и доза на слива, кои заедно ја доловуваат топлината на цветните ноти на хелиотроп во срцевината на композицијата.

Базни ноти

Дрвенестите ноти на кедар и пачули во комбинација со мирис на кожа и тобако во допир со тонка грав, даваат топлина и елеганција на парфемот.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи