05 Декември, 2025
0.0401

Најновиот модел на „Порше 911“ пристигна во Македонија

Објавено во: Стил 28 Март, 2013 19:22

Добивај вести на Viber

Најспортскиот автомобил годинава го слави својот 50-ти роденден. Во јубилејната, 50та година од појавувањето на првиот легендарен модел Порше 911, и во Македонија пристигна најновиот модел на овој спортски автомобил. „Како ниеден друг автомобил, Порше 911 претставува хармоничен спој на противречности: на спортски дух и секојдневна практичност, на традиција и иновација, ексклузивност и општествена прифатливост, на дизајн и функционалност. Фери Порше најдобро ги опиша оригиналните квалитети кои ги носи со себе овој автомобил, 911 е единствениот автомобил кој може да се вози на Африканско сафари, на трките во Ле Ман, или низ Њујоршкиот сообраќај. Денес автомобилот е  репер за спортски автомобил. Новото Порше 911 го има во две верзии: „Carrera“ и „Carrera S“ со 3,4 односно 3,8 литарски боксер мотор, со директно вбризгување на горивото (DFI) и VarioCam Плус кој развива до 350 т.е 400 коњски сили соодветно при 7.400 вртежи во минута и може да се пофали со максимална брзина од 297 километри на час. Веќе 5 децении моделот Порше 911 го претставува срцето на брендот Порше. Само уште неколку други автомобили во светот можат да се пофалат со ваква долга традиција и континуитет како Порше 911. Од „Cayenne“ до „Panamera“, секој модел на Порше е врв во својата категорија. Досега се произведени повеќе од 820.000 спортски автомобили Порше 911 , што го прави еден од најуспешните спортски модели во неговата категорија. Порше 911 отсекогаш се одликувал со напредна технологија. Многу од идеите и технологиите, инкорпорирани во Порше 911 се поттикнати од учеството во автомобилските трки. Оваа година ќе бидат организирани повеќе настани за одбележување на 50-тата јубилејна годишнина од моделот. Компанијата ќе го испрати на светска турнеја автентичниот модел на 911 од 1967 година, кој ќе отпатува на пет континенти и ќе биде прикажан во Пебл Бич, Калифорнија, Шангај, Гудвуд, Велика Британија, Париз и Австралија. Како амбасадор на Порше брендот, Порше 911 ќе присуствува и на многу меѓународни саеми, историски собири и автомобилски спортски настани. Фановите и заинтересираните лица ќе можат да го следат неговиот пат на следниов линк.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: