19 Декември, 2025
0.0411

Најсериозниот удар на Путин кон НАТО: Моќниот азиски пакт го собра цел свет!

Објавено во: Свет 11 Ноември, 2014 19:53

Добивај вести на Viber

Минатиот септември, поточно 12 и 13 во еден град е одржан на највисоко ниво состанок на организацијата за која повеќето Американци никогаш не слушнале. Извештај на главните медиуми за овој настан не постои.

Градот се вика Душанбе, главен град на Таџикистан -земја за која понекој „западњак“ ќе погоди каде се наоѓа на мапата.

Но, може да се кладите во последната рубља дека Владимир Путин и во сон знае каде се наоѓа Таџикистан. Тамо се создаде неговото дело, Шангајската организација за соработка (ШОС), која ја сочинуваат шест членки - Русија, Кина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.

ШОС е основана во 2001 година - наводно колективно да се спротивстави на екстремизмот и да ја зајакне безбедноста на границата - но вистинската причина за нејзиното настанување е многу поширока. Путин во широк контекст ја согледува како пртивтежа на НАТО (што организацијата воопшто не го порекнува). Официјално, позициите на ШОС се да гарантира неблоковски принцип, неконфронтација и немешање во работите на други земји, но - што е значајно - членките одржуваат заеднички воени вежби.

Зошто воопшто да посветуваме внимание на овој состанок? Па, очигледно, било што, што Русија и Кина го предложат како меѓусебна соработка го заслужува нашето внимание, но постои и многу повеќе од тоа.

Од основањето на ШОС, Русија внимателно влечеше потези, водејќи сметка да се избегне групата да стане одскокна даска за кинеската експанзија во простор кој Русија го гледа како свој стратешка поддршка - централна Азија. Истовремено, Путин создал пријатели ширум светот најбрзо што можел. Ако има намера да се спротивстави на глобалната хегемонија на САД - теза која детално се обработува во книгата „Студена војна“.

Многу набљудувачи предвидуваа дека состанокот во Душанбе ќе биде историски.

Се очекуваше организацијата да се отвори за нови членки, меѓутоа проширувањето е одложено да за фокусот се насочи кон случувањата во Украина. Членките, спред очекувањата, ги подржале позициите на Русија и и дале подршка за продолжување на дијалогот. Поздравен е договорот за прекин на огнот потпишан во Минск и високо се оценети успесите на мировните иницијативи на рускиот претседател.

Меѓутоа, идејата за прием на нови членки остана целосно запоставена. Неколку земји веќе со години активно бараат начин да се придружат. Сега, кога ротирачкото претседавање на организацијата преминува во Москва - наредниот самит е планиран за јули 2015 во рускиот град Уфа - условите можат да одат во прилог на фаворизирано проширување.

После разгледувањата, учесниците на самитот во Душанбе потпишале документи кои се однесуваат на проблемот (проширување): „Тип на меморандум за обврските на државите кандидати за добивање стауст членка на ШОС“ и „Постапка за доделување на статус држава членка на ШОС“.

Ова е од огромно значење и за Русија и за Западот, бидејќи две од нациите кои гласно изразуваат желба за прием се земјите чие геополитичко значење избива во прв план -Индија и Пакистан, а подготвен е уште еден голем играч - Иран.

Објаснувајќи ги причините што не се гласало за прием на овие земји, Јуриј Ушаков - помошник на претседатлот Путин - бил отворен. Им соопштил на руските медиуми дека проширувањето во овој момент е прерано поради потенцијалните тешкотии кои произлегуваат од познатите несогласувања помеѓу Индија и Кина, како и Индија и Пакистан, а и поради санкциите кои Западот ги воведе за Иран. Овие конфликти би можеле да го ослабнат сојузот и тоа е состојба која Русија сака да ја избегне.

Доведувањето на долготрајно спротиставените држави на иста маса што бара деликатно дипломатско однесување, но тоа е состојба која Путин никогаш не ја избегнувал )кој друг би можел да оствари посрдечни односи истовремено со Иран и Израел?).

Како и обично, Путин овде ги нема предвид малите или краткорочни цели.

Меѓу приоритетите кои ги изложил по повод руското превземање на претседавање е јакнеење на улогите на ШОС во остварување на регионална безбедност, покренување значајни мултилатерални економски проекти, проширување на културни и социјални врски помеѓу државите членки и изградување на сеопфатен пристап на современите глобални предизвици. Тој подготвува развој на стратегија на ШОС за периодот 2015-2025 и верува дека истата ќе биде подготвена за следниот самит.

Потребно е да се посвети внимани што се случува внатре во ШОС. Кога Индија и Пакистан станат членки (а тоа сигурно ќе се случи) а веднаш потоа и Иран - правилата на геополитичката игра дефинитивно се менуваат.

Путин ја превзема водечката улога во создавање на меѓународен сојуз со четири од десет најнаселени нации на планетата - вкупната популација на членките претставува повеќе од 40% од вкупната светска популација, односно нешто помалку од три милијарди луѓе. Ќе опфаќа две глобални економии со најбрз раст. Вклучувањето на Иран значи дека членките ќе контролираат повеќе од светските резерви на природен гас. Развојот на азиските мрежи на гасоводот ќе дадат импулс на економскиот развој во регионот и ќе ја зајакне меѓусебната поврзаност.

Ако Путин ќе оствари она што го наумил. ШОС нема да стане само ривал на НАТО туку може да креира нова финансиска структура која директно конкурира на ММФ и Светската Банка. Основањето на Новата развојна банка  (BRICS банка) ова лето во Бразил беше прв чекор во тој правец и може да води кон расчинување на американскиот долар како светска резервна валута со страшни последици по американската економија.

Постои верување дека крајната цел на Путин е да подготви напад на доларот - што би го спуштило САД на ниво на една од многуте нации во светот ... а во тој процес да ја воздигне својата татковина до највисок можен статус.

Она што се случило во Таџикистан оваа година и што ќе се случи следното лесто во Уфа се работи од огромно значење. Неизмерно.

  (Извор:Webtribune, Обработка И.Р)

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја