05 Декември, 2025
0.1484

Најскапата луксузна улица на светот

Објавено во: Стил 13 Јули, 2013 14:22

Добивај вести на Viber

Гинза е името на првата улица за шопинг во Јапонија. Таа се наоѓа во Токио и денес целиот регион околу булеварот е најголемиот забавен кварт во земјата. Кириите на овој дел неретко се околу неверојатни 500 евра за метар квадратен. Со текот на годините Гинза, не само што стана еден од најпопуларните населби во Токио, но и едно од најдобрите места за забава во земјата. Другите јапонски градови се обидуваат да го имитираат Токио преку создавање на сопствена Гинза, па концептот стана синоним за луксузен шопинг. Оригиналната Гинза во Токио е една од најскапите улици во светот. Освен сите водечки продавници на луксузни брендови како „Louis Vuitton“, „Chanel“, „Gucci“, „Dior“, па дури и продавница на Епл со џиновски димензии, во регионот има и одлични ресторани, хотели, театри, кина, ноќни клубови, продавници, како и културни институции како музеи и уметнички галерии. За време на викенд движењето по Гинза за возила е забрането, а улицата со луксузни продавници станува пешачка зона.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: