25 Април, 2024
0.0270

Најскапите домови во светот

Објавено во: Стил 28 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Дознајте нешто повеќе за најлуксузните домови во светот! 10. Имотот Руболовлев, 95 милиони долари Некогаш поседувана од Доланд Трамп, оваа куќа е најскапата куќа во која живеело едно семејство. Се простира на површина од 33.000 метри квадратни со директен поглед на океан. Имотот брои 18 спални соби, 22 бањи. 9. Дворецот во Силиконската Долина, 100 милиони долари Со своите 5 спални соби, 9 бањи, внатрешен и надворешен базен овој модерен дворец во Калифорнија, се наоѓа на место број 9 на листата најскапи домови во светот. 8. Флор Де Лус, 125 милиони долари Ова импресивно здание, со 15 спални соби, се наоѓа во Беверли Хилс и се простира на површина од 41.000 метри квдратни. Флор Де Лус се наоѓа на пазарот за недвижности од 2007 година. 7. Имотот на Арон Спелинг, 150 милони долари Домот на Арон Спелинг се наоѓа на број седум на оваа листа. Куќата лежи на површина од 56.000 метри квадратни, брои дури 123 соби, има своја сопствена куглана и лизгалиште на мраз. Се претпоставува дека едно цело крило од овој имот е само за гардеробата на Кенди, жената на покојниот режисер. 6. Врвот, 155 милиони долари Сопственост на Тим Бликсет, овој дом има сопствен лифт со столче што води од самата куќа до скијачкиот резорт на Бликсет. Имотот се наоѓа во Монтана, САД. 5. Вилата Франчук, 161 милион долари Оваа петкатница, која се наоѓа во Лондон, има 10 спални соби, подземен базен, соба за паника и приватно кино. Вилата е изградена во викторијански стил. 4. Имотот Харст, 165 милиони долари Некогашна сопственост на издавачот Вилијам Рендолф Харст, овој имот во Калифорнија има 3 базени, 29 спални соби, сопствено кино и диско. Имотот истотака послужи за снимањето на филмот Кум. 3. Имотот на Езерцето Ферфилд, 198 милиони долари На третото место на листата најскапи домови во светот се наоѓа имотот на милијардерот Ира Ренерт. Овој импресивен дом се простира на површина од 250.000 метри квадратни. Главната куќа зафаќа површина од 66.000 метри квадратни, има терен за кошарка, куглана и када од неверојатни 150.000 долари. 2. Вилата Леополда, 736 милини долари Изградена од белгискиот крал Леополд Втори во 1902 и лоцирана на француската ривиера, оваа вила беше купена од страна на рускиот милијардер Прохоров. Вилата е на 27 ката, во неа се сместени 29 спални соби и 19 бањи. Просторот околу вилата го одржуваат дури 50 градинари. 1. Антила, една милијарда долари Најскапиот дом на светот се наоѓа во Мумбаи, Индија. Оваа 27 катница има шест ката паркинг простор, ниво наменето за здравје со џакузи, сала за вежбање и “ледена соба”, потоа ниво за сала за танц, неколку ката со спални соби и бањи, како и четири ката само за градини.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти