Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2024
Жена го родила своето прво дете на 61 година на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Директорката Ирена Алексиовска Папестиев објави дека таа се породила пред неколку дена на скопската Гинеколошка клиника.
Таа важи за најстарата жена што го родила своето прво дете во Македонија.
Според досегашните информации, мајката и бебето се во стабилна состојба.
Детето е зачнато преку ин витро процедура.
Повеќе детали се очекува денеска да соопшти директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.