МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2024
Не стивнува битката во ЛДП, а лидерката Моника Зајкова, од која беше побарана смена, во интервју за 360 Степени, како за таа работа прстот да го вперува кон Горан Милевски, кој беше поранешен прв човек на Либералдемократите, а сега е амбасадор на земјава во Словенија.
„Не сакам да верувам дека екслидерот Горан Милевски стои зад иницијативата за моја смена во партијата и не разговарам со него за работи кои се случуваат во партијата бидејќи не сакам да го ставам во незгодна ситуација да го крши законот, но доколку свесно го прави тоа, бидејќи ја гледам структурата на луѓето во овие иницијативи, тогаш тоа повеќе не е моја работа, туку на Министерството за надворешни работи“, одговори претседателката на ЛДП во интервјуто, на прашањето дали зад иницијативата, всушност, се крие поранешниот претседател на партијата, а сегашен амбасадор на земјава во Словенија.
Како што нагласи Зајкова, иако е политички избран амбасадор, а не дипломат од кариера, Милевски сепак подлежи на Законот за надворешни работи со кој строго се забранува мешање во внатрешните политики на една земја и мешање во работата на политичките партии.
„Јас, искрено, не сакам да верувам, бидејќи ако е така, свесно го прекршува законот, а за прекршување на законот мора да има одредени санкции и одговорност како и за секој друг. Но, тука многу лесно Министерството за надворешни работи може да си поведе постапка и низ консултации да утврди кој во што се мешал, со кого комуницирал, барем сега во 21 век тоа е лесно“, кажа Зајкова.
Во однос на барањата за нејзина смена и трибината што изминатиот викенд се одржа во Битола, од која беше посочено дека партијата го губи својот идентитет и дека е претворена во друштво со ограничена одговорност односно трговец поединец, Зајкова вели дека доколку се види највисокиот правен акт – Статутот, ова прашање во ЛДП е затворено. Сè останато, вели таа, е израз на слобода на говор и индивидуална слобода на секој поединец.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.