Најточниот љубовен хороскоп според старите Римјани
Објавено во: Општо 04 Март, 2017 20:26
Вага
Вие сте едни од најшармантните карактери, па токму затоа и спротивниот пол едноставно се „лепи“ за вас. Една нескротлива Водолија или пак, зборлест Близнак би можеле лесно да го привлечат вашето внимание. Доколку сте мажи, вам нема да ви биде тешко да се заинтересирате за Стрелец или Лав.
Самата суштина на Вагите е љубовта, па токму затоа припадниците на овој пол постојано се во потрага по љубов, правејќи голем број прилики со цел да ги активираат своите емоции.
Скорпија
Поради вашата харизма и мистериозност, вие никогаш нема да останете незабележени и секогаш ќе зрачите со сексапил. Вие можете да влезете во врска со еден пречувствителен Рак или еротична Риба, додека пак на дамите може да им се допадне некоја срамежлива Девица или воздржан Јарец.
Вие ќе имате можност некое пријателство да го претворите во љубов, но тоа може да биде и непромислена одлука. Од друга страна пак, никогаш не ја исклучувајте можноста дека некој од вашите пријатели може да ве запознае со личност која целосно ќе ги исполни сите ваши очекувања.
Стрелец
Вие сте спонтани и природни, весели и опуштени, како и вистински магнети за некој великодушен Лав или „откачена“ Водолија кои ретко би можеле да одолеат на вашиот шарм. Машките претставници на овој знак можат да забележат страстен Овен или тактична Вага.
Вие можете да влезете во врска во која ќе има голема разлика во годините, начинот на живот и културата. На оваа врска ќе треба долго да се прилагодувате, но ако успеете во тоа, вие ќе најдете стабилен и вистински партнер кој ќе остане со вас до крајот на вашиот живот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





