НАЈУБАВ ХОТЕЛ НА СВЕТОТ: Колку чини ноќевање кај нив?
Објавено во: Стил 04 Јануари, 2019 16:11
„Kudadoo Maldives Private Island“ е новиот луксузен ресорт кој се отворил кон крајот на 2018-та година.
Цената на едно ноќевање почнува од околу 1000 евра.
Тој вниманието на богаташите го привлекол уште кога била најавена неговата изградба.
Aгенцијата „Luxury Travel Intelligence“, го прогласила Кудадо за најубавиот хотел на светот за минатата година.
Гостите можат да одберат дали ќе јадат во ресторанот или во приватноста на сопствената резиденција, осветлена со свеќи на плажата.
Во цената е вклучено сè што ќе посакаат гостите, од вкусна храна и врвни вина до океански авантури, луксузни спа третмани, кои вклучуваат и една спална соба на Малдивите и човек кој непрестајно стои на располагање.
Позади дизајнот на сместувањето со пет ѕвезди се потпишува реномираниот архитект Јуџи Јамазаки, а поделен е на 13 еднокреветни резиденции, од кои секоја се протега на 300 метри квадратни и има две двокреветни од по 380 метри квадратни. Секоја од нив има голема тераса со базен. Препознатливиот покрив со соларни панели, му овозможува на островот самоодржливост со сончева енергија.
Судејќи по фотографиите кои ги гледате, луксуз на овој хотел не му недостатува.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





