Најубавите божикни пораки: Простете им на другите и сакајте ги вашите блиски
Објавено во: Стил 07 Јануари, 2019 10:17
Божик е! Еден од најубавите христијански празник кој го слави Христовото раѓање.
Многумина го честитаат празникот со пораки а ние издвокуваме неколку со кои би можеле да го прославите овој ден.
-„Светол празник тропа на твојата врата. Пречекај го со вера и широка насмевка, а тој ќе ти возврати со здравје, среќа и спокојство во текот на целата година. Христос се роди!“
-„Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ, Христос се роди“.
-Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди!- Да успееме да ја зачуваме магијата на Божиќ во текот на целата година, за да бидеме подобри, да сакаме посилно и да правиме по едно мало чудо секој ден. Среќен Божиќ!
-Христовата светлост нека ви го осветли домот, среќата нека ја победи тагата и Бог нека ви подари се што немате и сочува се што имате….Христос се роди!
-Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ!
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





