29 Април, 2024
0.0276

Највисоката зграда на светот засега останува само приказ

Објавено во: Стил 09 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Ќе биде ли новата највисока зграда во светот, која се очекуваше да биде изградена за 90 дена само еден приказ? Облакодерот Sky City со 220 ката во Чангша, во кинеската провинција Хунан, требаше веќе да биде завршен, но во моментов не се започнати ни градежните работи за ископување на заемјиштето. Пренесуваат кинеските медиуми. Компанијата Developer Broad Group, која стои зад проектот, ги обвинува властите за доцнењето на почетокот ан изградбата, тврдејќи дека "се уште чекаат дозвола за изградба". Сепак, според кинеските медиуми има информации дека изградбата доцни поради проблеми поврзани со безбедноста и инженеринг активностите околу проектот, поради кои компанијата неможе да добие одобрение за градба. Broad Sustainable Building Co Ltd, требаше да почне со изградба на облакодерот уште минатиот ноември. Џулиет Џанг, виш потпретседател на Broad Sustainable Building, во изјава за кинеските медиуми вели дека во моментов нема напредок и дека компанијата се уште чека одобрување од властите. Онлајн изданието на 21st Century Business Herald сепак информира дека проектот на Broad се уште е во процес на евалуација и "може и да не добие зелено светло". Едно од стравувањата од евалуацијата на проектот е дека претходно изработените челични конструкции, кои ќе се користат, во моментов се сертифицирани за згради со висина помала од 100 метри, додека Sky City се очекува да се издига на височина 838 метри. Во исто време Broad има добра репутација за тоа што завршува згради два пати побрзо од обично. До декември 2011 година, компанијата е изгради 12 згради во Кина и Мексико со супербрзо темпо на работа. Тоа значи дека една зграда од 30 спрата била изградена за само 15 дена или 360 часа. Broad го шокираше светот кога на интернет беше пуштено видео од процесот на изградба, што брзо стана хит. Неколку кинески онлајн портали информираат дека компанијата нема да може да го исполни првично објавениот рок од 90 дена за изградба на облакодери и ќе се и потребни 210 дена. Џанг демантираше оваа информација и изјави дека темпото на изградба ќе остане по пет спрата на ден. Иако зградата е дизајнирана од истиот архитект кој е проектирал и највисока зграда во светот Burj Khalifa, во Дубаи, трошоците за изградба на Sky City се очекува да бидат само 1.500 долари по квадратен метар, што е десет пати повеќе помалку во споредба со цената на Burj Khalifa. SkyCity, која Джанг опишува како вертикален град, треба да биде дом на над 4 000 семејства, со отвори изградена површина од 1 милион квадратни метри. Дел од утешува на облакодер ќе бидат хотел, училиште, болница, продавници, спортски објекти и забавни центри