05 Декември, 2025
0.0372

Највлијателните банкари на светот!

Објавено во: Стил 12 Септември, 2013 21:45

Добивај вести на Viber

Тие ja обликуваат економијата и ги движат пазарите, бизнисите зависи од нив - па на крајот тие навистина го променија светот. Од Bloomberg Markets ги избраа највлијателните луѓе во глобалниот финансиски систем: 1 . Пол Ахлатнер , советник на Deutsche Bank Има 56 години и се бори против супервизорите кои сакаат да ја ограничат трговијата на најголемите банки во Европа . 2 . Лојд Бленкфан , извршен директор на Goldman Sachs Group Има 58 годиниа и тврди дека спојувањата и превземањата , како и растот на економијата , страдаат од тоа што менаџерите ги избегнуваат ризиците . 3 . Ана Патриција Ботис , извршен директор на Santander Има 52 години и е првото дете на претседателот на Santander - Емилио Ботис. Ќерката сега ги води операциите на банката во Велика Британија, а се верува дека еден ден ќе раководи со целата групација . 4 . Џејми Димон, извршниот директор на JPMorgan Chase & Co . Има 57 години и го преживеа при противењето од страна на акционерите на банката , кои ја ставаа под прашање двојната улога на извршен директор и претседател. Тој го зголеми профит на банката во вториот квартал за 31 % . 5 . Изабел Истлет, шеф за трговија со хартии од вредност во Goldman Sachs Има 50 години е е жената со највисока раководна позиција во американската банка која стои зад најголем дел од приходите на Goldman Sachs . 6.Серџо Ермон , извршен директор на UBS AG Ермон Има 53 години и тврди дека ги одржува банкарските односи со половина од милијардерите во светот . Во последните години банката го ограничи инвестициското банкарство. 7 . Џијанг Цијанзин , претседател на Industrial & Commercial Bank of China Има 60 години и се бори со растот на лошите кредити . Независно од тоа , има постигнато раст на приходите и поврат на капиталот од околу 10% . 8 . Гордон Никсон , извршен директор на Royal Bank of Canada  Има 56 години и раководи со најголемата канадска банка . Тој е на мислење дека треба да се задржи банката во мирни води . 9 . Рут Порат , главен финансиски директор на Morgan Stanley  Има 55 години и се обидува да го зајакне балансот на својата компанија . Акциите поскапеле за 37% од почетокот на годината до 10 септември - со што победи во битката против Goldman . 10 . Џон Штумф , извршен директор на Wells Fargo & Co .  Има 59 години и ја предводи најголемата американска банка според пазарна вредност . Тој мора да им докаже на инвеститорите дека може да ја задржи водечка својата  хипотекарна банка во оваа состојба , и покрај можните закани за хипотекрниот бизнис .

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: