Најзабавен град на светот е …
Објавено во: Стил 16 Ноември, 2014 20:48
Ефтино пиво, супер ноќни клубови и многу можности за забава на возрасни, на местото на најзабавниот град на светот Берлин.
Престолнината на Германија ја доби оваа титула во конкуренција помеѓу 1800 светски градови, а критериумите според кои градовите се оценувани се барови, клубови, шопинг центри, можност за забава за возрасни. Факторите како просечната цена на пивото, како и на на тоа дали е дозволено конзумирање на алкохол на јавно место, исто така влијаеле на оценките.
Меѓу градовите кои нудат одлична забава, се најде и Лондон на второ место, посебно поради добрите клубови и музички концерти, додека Токио добил добри оценки за барови и шопинг центри. Освен што Берлин е прогласен за најзабавен град на светот, пивото во овој град било најефтино меѓу 25 градови.
Истражувањето е спроведено од страна на „Get Your Gide“, сајтот за патување, а засновано е врз анализата на податоци од различни сајтови ширум светот, помеѓи останатото и „Трип Адвајсор“, но и на анкетата во која учествувале 2000 лица.
Париз влегол во „топ три“, на четврто место е Њујорк, потоа следат Токио, Хамбург, Рим, Виена, Барселона и Истанбул на десето место.
На оваа листа, меѓу првите 25, се најде и Дубаи, Њу Делфи, Москва. Добра забава има и во Рио де Женеиро кој ја заземал 18 позиција додека Бангкок е на 22 место.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





