24 Ноември, 2024
0.0325

Разговор со Александра Накова Парнарџиева, директор на Дирекција за картично работење во УНИБанка

Накова Парнарџиева: УНИБанка оди чекор напред во заштитата на интернет плаќањата

Објавено во: Интервјуа 06 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Највисоко ниво на сигурност и безбедност на клиентите при интернет плаќањата со картичка гарантира новата технологија за заштита што оваа банка неодамна ја воведе. Станува збор за таканаречена  3D Secure со која клиентите дополнително ќе се идентификуваат со еднократна лозинка. Александра Накова Парнарџиева во разговор за Фактор вели дека во последниот период во секојдневието луѓето сѐ почесто го користат интернетот како алатка преку која едноставно и многу брзо можат да плаќаат услуги или купуваат производи. Интернет плаќањата се извршуваат без физичко присуство на корисникот на картичката со која се извршува плаќањето, што всушност ја  наметнува потребата за заштита од злоупотреба на податоците од картичката.

Што значи точно 3DSecure?

Накова Парнарџиева: 3DSecure технологијата, преку програмите Mastercard Secure Code и Visa Secure /Verified by Visa, обезбедува превенција од злоупотреби при интернет плаќања со користење на највисоко ниво на автентикација на клиентите корисници на картички. Заштитата на клиентите се заснова на динамички метод на автентикација на корисникот на картичка, кој се реализира со користење на еднократна лозинка – ОТП лозинка. Примената на ОТП лозинка овозможува проверка на идентитeтот на корисникот на картичката при интернет плаќање, односно проверка дали вистинскиот корисник на картичка го извршува конкретното интернет плаќање.

Со оваа технологија покрај стандардните податоци кои се бараат при плаќање на интернет - број и рок на важење на картичка, име и презиме на корисникот на картичката и CVC/CVV2 код, кај трговци кои учестуваат во програмите за сигурност Mastercard SecureCode и Visa Secure/Verified by Visa , ќе биде побарано внесување на ОТП лозинка.

ОТП лозинката клиентите ќе ја добијат преку СМС порака на мобилниот телефонски број регистриран во банката и е валидна само за конкретната интернет трансакција.

Дали корисниците може да бидат целосно сигурни при трансакциите со ваков тип заштита?

Накова Парнарџиева: УНИБанка со воведување на 3D Secure технологијата за заштита при интернет плаќања, се приклучува кон највисоките меѓународни стандарди за заштита и обезбедува сигурност на интернет плаќањата и намалување на злоупотребите на картички преку интернет. Користењето на ОТП лозинка овозможува верификација на корисникот на картичката со што се овозможува дополнителна заштита од неавторизирано користење на картичка за плаќање на интернет.

Сепак, клучна улога во заштитата од злоупотреби имаат и самите корисници на картички кои секогаш треба да ги чуваат и заштитуваат податоците од своите картички и внимателно да ги одбираат веб страните каде ги внесуваат овие податоци.

При кои плаќања ќе се употребува ваков тип на технологија?

Накова Парнарџиева: Технологијата се користи при извршување на интернет трансакција кај интернет трговци кои учествуваат во програмите Mastercard Secure  Code и Visa Secure/Verified by Visa, со исклучок на трансакции за кои банката, преку користење на најсовремените методи и технологии, ќе оцени/утврди дека се со низок ризик за злоупотреба. Најголем дел од домашните и светските  интернет трговци се сертифицирани и ја поддржуваат 3D Secure технологијата. Можете да ги препознаете по тоа што на своите веб-страници ја имаат објавено ознаката Mastercard Secure Code иVisa Secure/Verified by Visa, која укажува дека веб-страницата е легална и безбедна за интернет плаќање.

Колку е важна заштитата, кои се најголемите ризици при интернет плаќањата?

Накова Парнарџиева: Во последната декада се бележи значаен раст на онлајн платежните методи и на интернет плаќањата. Кога зборуваме за интернет плаќања, неизбежно се наметнува прашањето за безбедноста на нивното извршување. Вистината е дека секој метод на плаќање носи ризик. Најголемиот ризик при интернет плаќањата е ризикот од компромитација на податоци од картички и нивна злоупотреба. Во последните неколку години сите поголеми интернационални канали станаа мета на хакерски напади во кои се компромитирани бројни податоци за картички. За сите учесници во процесите на интернет плаќања клучно е да се заштитат од неавторизирани трансакции и злоупотреби кои произлегуваат од користење на несигурни веб страни, како и од злонамерни е-маил пораки кои насочуваат кон лажни веб страни чија цел е прибирање на детали од платежни картички. Интернет плаќањето е процес кој вклучува повеќе учесници (картични организации, банки, процесори, трговци и корисници на картички), при што, клучно е секој дел од процесот да биде заштитен. Заштитата не е едноставна, но сепак има начини чија примена овозможува да се чувствуваме безбедни кога плаќаме на интернет. 3D Secure технологијата, сигурносните протоколи за енкрипција на податоци на веб страните, сигурносните стандарди на картичните организации за заштита на податоци од картички, технологијата за токенизација на сензитивни податоци од картичка, мониторинг на трансакциите, контрола на плаќањата, се дел од начините кои обезбедуваат сигурност на интернет плаќањата. Сите учесници во процесот на интернет плаќања имаат своја улога во процесот на заштита и примената на технологиите, стандардите и препораките за безбедно плаќање на интернет секако значат остварување на крајната цел - сигурни и безбедни интернет плаќања.

А.Т.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.