Намалена деловната активност во државите од еврозоната
Објавено во: Свет 21 Февруари, 2013 16:02
Деловната активност на приватниот сектор во еврозоната овој месец забележа намалување, соопшти денеска лондонската компанија „Маркит“, наведувајќи дека нејзиниот менаџерски индекс на набавка (ПМИ), кој е еден од водечките индикатори во европската монетарната унија, се намали на 47,3 од 48,6-те индексни поени во јануари.
Минатиот месец активноста на приватните претпријатија беше на највисоко ниво во последните 10 месеци. „Падот на индексот во февруари претставува разочарување и покажува дека еврозоната е на пат во првите три месеци од оваа година да забележи негативен економски раст, четврти квартал по ред“, изјави главниот економист на „Маркит“, Крис Вилијамсон.
Тој нагласи дека, и покрај намалувањето на ПМИ, економскиот пад во првиот квартал би требало да биде помал во однос на 0,6-те отсто, колку што економијата во еврозоната се намали во последните три месеци од минатата година. Вилијамсон за овој квартал предвидува пад на бруто домашниот производ од 0,2 до 0,3 отсто.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




