Намалена продажбата на луксузни часовници и накит
Објавено во: Стил
11 Февруари, 2013 09:34
Добивај вести на Viber
Како последица на кризата, францускиот пазар на луксузни часовници и накит во 2012 година забележа пад на обемот на продажба од 2%, по растот во двете преходни години.
Како што пренесуваат француските медиуми, сите канали за дистрибуција имале намален промет, така што вкупната ланска вредност на продажбата на овие производи била 5,35 милијарди евра, во однос на 5,5 милијарди во 2011 година, објави францускиот весник „Капитал“.
Тенденцијата на пад започна во вториот лански квартал и продолжи се до декември, кој е најпрометен месец имајќи предвид дека во просек во овој месец се остварува околу 20% од годишната продажба.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: