Намалено чекањето за наплата на тендери за месец и пол дена, иако се уште е долго
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2018 13:59
Фирмите чекаат просечно по 6 месеци и 21 ден за да ги добијат парите за завршената работа од јавни набавки, покажува анкетата помеѓу 210 фирми за нивното искуство со тендерите, спроведена во периодот февруари – март годинава од старана на Центарот за граѓански комуникации.
Споредено со лани, рокот за наплата е зголемен за 20 дена, додека пак пред две години просекот изнесувал 8 месеци..
Освен задоцнетото плаќање, меѓу другите главни проблеми што ги посочиле фирмите во јавните набавки се „најниската цена“ како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки и потребната обемна документација за учество на тендерите.
Резултатите покажуваат дека дури 95% од фирмите сметаат дека на е – аукциите се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот на набавките во однос на нивната цена а 88% од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки, но со различна оценка за нивото на нејзината присутност. Најголем дел од фирмите, односно 47%, сметаат дека во јавните набавки има корупција, но ретко; 5% велат секогаш, а 36% често. Само 12% од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки никогаш нема корупција.
Доминантен дел од фирмите се изјасниле дека во тендерите на кои учествувале, почесто или поретко сведочеле на непочитување на Законот за јавни набавки.
Дури 96% од испитаните фирми никогаш или ретко се жалат на тендерите во коишто учествуваат, главно поради високиот надоместок за трошоците во жалбената постапка и недовербата кон ДКЖЈН.
Вредноста на договорите за јавни набавки склучени во 2017 година изнесуваат 624 милиони евра, наспроти 962 милиони евра во 2016 година.
Уделот на поништувањето на постапките од 24% на годишно ниво во 2017 година е највисок во периодот од 2013-2017 година.
Уделот на тендери на коишто имало задоволително ниво на конкуренција (3 и повеќе учесници) во 2017 година е евидентиран кај само 48% од мониторираните тендери. Уделот на тендери со само една понуда е на најниско ниво во изминатите 4 години и изнесува 21%.
Во 2017 година се склучени 496 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 29 милиони евра. Дури 12 милиони, односно 42% од вкупната вредност на овие договори, им припаѓаат само на две институции, Министерството за образование и наука и АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ).
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра
СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари
САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава
Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување
Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела
Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија
Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист
Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?
Руски министер открива правило кое ѝ помогнало на Москва да издржи повеќе од 30.000 санкции




