19 Декември, 2025
0.0591

Намалување на цените во трговијата на мало

Објавено во: Економија 09 Мај, 2013 15:33

Добивај вести на Viber

Раководителите на фирмите од трговијата на мало очекуваат намалување на продажните цени во наредните три месеци.

Во денеска објавените резултати од анкетата на Државниот завод за статистика раководителите рекле дека продажните цени во првото тримесечје од  годинава  се намалени во однос на претходното тримесечје.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба  во трговијата на мало во првите три месеци од годинава имале слабата побарувачка на купувачите со 44,3 проценти, зголемената конкуренција со 12,7 проценти и зголемената понуда на пазарот со 10,4 проценти.

Според раководителите, економската состојба на фирмите од трговијата на мало во првиот квартал од годинава е поповолна во однос на претходниот квартал, а понеповолна споредено со првото тримесечје од минатата година. Финансиска состојба на деловните субјекти од трговијата на мало во првото тримесечје од годинава е понеповолна во однос на четвртото тримесечје од 2012 година. Очекувањата на раковoдителите за економската состојба во наредниот период се на исто ниво како и во претходното тримесечје.

Количината на залихите во текот на првиот квартал од годинава е зголемена во однос на претходниот квартал. За очекуваните порачки и за бројот на вработени за наредниот период  раководителите на фирмите рекле дека се на исто ниво во однос на четвртото тримесечје од 2012 година.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?