20 Декември, 2025
0.0566

Намалување на надоместоците за роаминг на ПОДАТОЧНИ УСЛУГИ помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Објавено во: Мои пари 04 Мај, 2023 14:39

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком, како дел од Дојче Телеком групацијата е еден од 38 телекомуникациски оператори од ЕУ и од Западен Балкан коисе согласија да овозможат поевтин роаминг за податочни услуги помеѓу Западен Балкан и ЕУ за граѓаните и бизнисите од двата региона.

Со оваа доброволна спогодба, операторите се обврзаа значително да го намалат јазот помеѓу надоместоците за роаминг и домашните надоместоци меѓу ЕУ и Западен Балкан (во обете насоки).Следниве максимални нивоа на малопродажни цени („price caps“) за 1 гигабајт ќе важат во периодот од октомври 2023 година до 2028 година:18 евра од 1 октомври 2023 година, 14 евра од 2026 година и 9 евра од 2028 година.

Воведувањето на ограничувањата на малопродажната цена се очекува да доведе до значително намалување на цените за роаминг за податочни услуги за корисниците коишто патуваат меѓу ЕУ и Западен Балкан за најмалку една третина од сегашните просечни цени на роаминг за податочни услуги.Операторите во моментов работат на имплементацијата на производите со цени под договорените ограничувања на малопродажната цена коишто ќе им бидат достапни на колку што е можно поголем број корисници.Ова има за цел да ги зајакне врските меѓу двата региона така што ќе ги поттикнува и поедностави деловните, културните, туристичките и другите размени.

Оваа декларација е резултат на одлучувачкиот ангажман на телекомуникациските оператори на ЕУ и Западен Балкан, олеснувањето и поддршката на Советот за регионална соработка и Европската комисија, како и заложбите на властите во регионот.На иницијативата се поканети да се приклучат и други телекомуникациски оператори од ЕУ и од Западен Балкан.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии