НАМЕСТО 15, И СТЕЧАЈЦИ СО 14 ГОДИНИ СТАЖ ЌЕ ДОБИВААТ НАДОМЕСТ ОД ДРЖАВАТА - што носи новиот закон
Објавено во: Економија 29 Јули, 2021 13:18
„Постојат стечајци на кои им недостасуваат по неколку месеци работен стаж и затоа границата за остварување на паричниот надоместок ја спуштивме од 15 на 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, образложувајќи го Предлог законот за стечајци, на денешната собраниска Комисија за труд и социјална политика.
Со Предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, месечен надоместок од 9.242 денари или 34 отсто од просечната месечна нето плата исплатен по работник претходната година, ќе добиваат 1.100 нови стечајни работници.
„Потребата од Законот за стечајци произлезе од средбите со граѓаните на кои помошта им е неопходна. Со најновата измена 13.000 лица ќе бидат вклучени во системот за парично обештетување со износ до 9.242 денари. Ова ја покажува нашата грижа за граѓаните. Овој материјален надоместок стечајните работници ќе го добиваат до нивното вработување или пензионирање преку Агенцијата за вработување. На денот на поднесување на барањето за паричната помош, жените треба да имаат, не помалку од 52 години, а мажите 55 години“, рече Шахпаска.
Министерката посочи дека Предлог законот е дел од решавање на прашањето на стечајците, кое се до формирањето на оваа Влада беше игнорирано, а стечајците со години манипулирани.
„Подготвени сме задно да правиме измена. Но, факт е дека од 2017 година до денес донесовме неколку законски решенија за материјален надомест на стечајците, кои постојано ги прилагодуваме на потребите на граѓаните се цел да се опфати што е можно поголем број на лица. Ова покажува дека имаме системски пристап со цел да дојдеме до решенија во интерес на граѓаните“, рече Шахпаска.
Предлог законот за стечајци кој помина во второ читање на Комисијата за труд и социјална политика, ја доби поддршката од сите нејзини членови.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




