НАМЕСТО 20, ОД ФРАНКФУРТ ДО СИДНЕЈ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА 4 ЧАСА - моторите на водород ќе ги скратат летовите
Објавено во: Економија 22 Април, 2023 18:30
Швајцарскиот стартап „Destinus“ конструира хиперсоничен патнички авион со водородни мотори. Капацитетот на авионот би бил приближно 25 патници, а се очекува да биде готов до 2030 година.
„Destinus“ е дизајнер и производител на хиперсонични авиони со ултра долг дострел кои лесно се интегрираат во секојдневниот живот бидејќи избегнуваат да создаваат бучава и можат да користат конвенционални аеродроми“, тврдат од компанијата, пренесува „Јутарњи лист“.
„Со нашиот нов авион, сегашното патување од Сиднеј до Франкфурт, кое сега трае 20 часа, би се скратило на нешто повеќе од 4 часа“, тврдат од компанијата. Тие веруваат дека авионот би можел да развие брзина до 5 маха, што е повеќе од двојно побрзо од брзината што некогаш ја развил суперсоничниот патнички авион Конкорд.
Дестинус сака да овозможи да се лета за Сингапур на состанок или кратко патување за викенд во САД од каде било во светот. Се тврди дека користењето на водород за напојување на авиони би било еколошки поодржливо од сегашните авиони бидејќи нема да испушта јаглерод диоксид, туку топлина и водена пареа. Во споредба со масата на керозин, кој ги напојува традиционалните авиони, тој е трипати поефикасен енергетски, тврди компанијата.
„При овие големи брзини, предизвикот е да се одржи ладна структурата на авионот. Затоа, развиваме уникатно решение на активен систем за ладење што ја претвора топлинската енергија создадена од триењето во погон“, рече Дестинус.
Авионот би користел водородни турбомлазни мотори за полетување и слетување, додека посебен ракетен мотор би го придвижувал леталото до хиперсонични брзини.
За споредба, Боинг планира да тестира млазен мотор на водород до средината на 2020-тите. Boom Supersonic има планови за суперсонични летови во САД, додека Хермес работи со американските воздухопловни сили и НАСА за развој на опсег на автономни авиони. Venus Aerospace, стартап со седиште во Хјустон, сака да превезе патници од Лос Анџелес до Токио за еден час користејќи хиперсонично вселенско летало кое ќе патува со 12 мах.
(Извор: Јутарњи лист)
Можеби ќе ве интересира
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра




