16 Мај, 2024
0.0296

Наместо среден прст за Европа, се случи ...

Објавено во: Свет 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во седиштето на Европската комисија во Брисел веројатно среќно триеле раце по објавувањето на резултатите од вчерашниот унгарски референдум. Точно дека дури и да поминеше, референдумот немаше да има којзнае какво влијание врз европската бегалска политика, но сега Виктор Орбан барем доби лекција и од сопствениот народ, а не само од лидерите на ЕУ. Стана јасно дека дури и во Унгарија поттикнувањето на страв веќе не е во можност да ги одведе мнозинството од луѓето кон гласачките кутии, анализира Макс Хофман за Дојче Веле.

Целта на референдумот всушност беше повеќе од јасна. Унгарците мораше да им покажат на сите во Европа, дека не сакаат да прифатат повеќе никакви бегалци, и покрај тоа што според сегашните квоти станува збор за не повеќе од 2.300 лица. И за да нема некакво недоразбирање, Виктор Орбан недвосмислено изјави што се очекува од референдумот. По него послушно го повторија и сите министри, остануваше само народот да го потврди. Само што повеќето Унгарци очигледно немаа желба да го послушаат. Точно е дека огромното мнозинство меѓу гласачите близу 45 проценти од избирачите застанаа на страната на Орбан, но „најголемиот унгарски удар“ против Брисел така и не се случи поради недоволната излезност.

Презаситени од слогани

Што е поуката од овој референдум? Валиден или не, практично тој го потврди она што веќе долго време се знаеше од социолошките анкети, имено дека повеќето Унгарци не сакаат да прифатат никакви бегалци. Референдумот сепак покажа и тоа дека Виктор Орбан е подготвен да ги скине нервите на своите европски колеги, додека не се постигне потребниот успех дома. Токму од овој успех сепак сега беше лишен.

Референдумот чинеше речиси 40 милиони евра. И покрај бројните плакати со ликот на премиерот кој повикува да се гласа против Европската бегалска политика, пред гласачките не се појавија доволно гласачи. На некои Унгарци очигледно веќе им е преку глава од бескрајните пропагандни дрдорења околу Орбан. Со други зборови, целиот референдум беше џиновска машина за уништување на пари. И таа беше мобилизирана со една-единствена цел: да се покаже среден прст на Брисел.

Бесмислениот референдум сепак покажа и друго: дека Орбановата тактика постојано да се напаѓа ЕУ веќе не „пали“ кај народот како пред некое време. За да го задржи влијанието на својот популистички коктел, премиерот е принуден постојано да го подгрева ирационалниот страв за крајот на христијанска Европа. Со други зборови, тој постојано треба да ја зголемува дозата на својот популизам, како што и направи со референдумот. Повеќето Унгарци сепак веќе се презаситени од постојаните драматични пози на својот премиер и претпочитаа да останат дома.

Се што е лошо доаѓа од Брисел

Причината за неуспехот на референдумот можеби е вкоренет во фактот дека за разлика од Британците, Унгарците го одобруваат членството на земјата во ЕУ. Најмалку поради милионската финансиска помош од Брисел. Затоа и Орбан е принуден да се манифестира како „дволичниот Јанус“. Кога ги посетува своите европски колеги, тој сигнализира подготвеност за соработка. На Самитот во Братислава во средината на септември, тој дури претстави свој концепт за „флексибилна солидарност во бегалската политика“.

Дома сепак Орбан постојано се потсмеваа на ЕУ. И токму во тоа е проблемот: Унгарскиот премиер го доведе до совршенство еден познат рефрен: се што е лошо доаѓа од Брисел, а се што е убаво е плод на сопствените напори. Оваа тактика функционираше до неодамна, но не и по британскиот референдум за излегување од заедницата. Надвор - добри Европејци, а по куќи - организатори на референдуми против изгласани веќе европски решенија: слична поделба ја води Европа директно кон провалијата. Крајно време е и Виктор Орбан да го сфати тоа. Неуспешниот референдум дава надеж дека многу унгарски избирачи веќе стигнале до ова сознание. За доброто на ЕУ, смета уште Хофман


Можеби ќе ве интересира

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија