20 Декември, 2025
0.0511

Наместо три како досега, во светот постојат седум општествени класи!

Објавено во: Свет 04 Април, 2013 21:33

Добивај вести на Viber

Експертите од „BBC Lab“ направија големо истражување во кое учествуваа над 161 000 Британци и според кое традиционалното делење на висока, средна и трета класа е веќе застарено. Социолозите предложија нов модел, објавен во списанието „Sociology“, кој содржи 7 општествени класи. Традиционално, припадноста на одредена класа зависи од професијата, богатството и образованието. Ова истражување тврди дека тоа е поедноставен пристап и предлага да се направи проценка на класата во три димензии - економска, социјална и културна. Во истражувањето се земат предвид не само приходите, имотот и заштедите, туку и социјалниот капитал - бројот и статусот на луѓето кои индивидуата ги познава. Исто така е земен во предвид и културниот  капитал на поединецот. Британската верзија на класната поделба на општеството разликува седум групи: Елита - најпривилегирана група во Велика Британија, радикално различна од другите категории по своите приходи, социјален и културен капитал. Тоа се најбогатите луѓе. Почитувана средна класа - на второ место по богатство, доста бројна социјална класа, втора по активност во културните активности. Техничка средна класа - мала, релативно нова група на ИТ професионалци и високо квалификувани инженери. Тие имаат високи примања, но не се толку социјални и не се заинтересирани за култура. Нови богати работници - млада група со голем круг на познанства, широк спектар на културни интереси и средни примања. Традиционална работничка класа - не е богата, но е со нозете цврсто на земја. Таа по правило има добар недвижен имот и средни примања. Недостатокот на социјален капитал се објаснува со тоа дека просечната возраст тука е 66 години. Работници во областа на сервисот - тоа е нова млада урбана класа, приходите  овде се релативно ниски, но има добар социјален и културен капитал. Прекариат - најсиромашните и луѓето во нерамноправна положба, загрозени од сиромаштија, без врски и перспективи. Овој пристап се обидува да ги земе предвид најновите трендови во општеството, посочуваат експертите од „BBC Lab“.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја