18 Мај, 2024
0.0365

НАМЕСТО ВОДА: Жерар Депардје пие по 14 шишиња алкохол на ден!

Објавено во: Стил 13 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Францускиот актер Жерар Депардје откри дека започнбува да пие алкохол во 10 часот наутро, но дека никогаш не бил сосема пијан. Во текот на денот пие по 14 шишиња вино и друг алкохол. Тој нагласува дека пие кога му е досадно. Заради бајпасот и високиот холестерол сепак мора да биде внимателен, па повремено има периоди на апстиненција. „Во секој случај нема да умрам, барем не засега. Уште имам енергија. Но, кога почнувам да пијам, не можам да пијам како нормален човек. Голтам по 12, 13, 14 шишиња на ден“, објаснува Депардје. Тој сликовит го објаснува неговиот вообиаен ден. „Во 10 часот почнувам со шампањ или црвено вино, па потоа пак шампањ. Потоа „Пастис“, можеби половина шише. Па јадам со две шишиња вино. Попладне задолжителен е шампањ, пиво и „Пастис“, за да го завршам шишето од утрото. Во текот на ноќта пијам вотка или виски“, искрен е актерот. Сепак, објаснува дека никогаш не е сосема пијан, бидејќи доволни му се само 10 минути дремка, па повторно е свеж.