Напади во Кременчук и Дергачив - има жртви и повредени
Објавено во: Свет 13 Мај, 2022 15:15
Најмалку двајца загинати и седум повредени има при руските напади во градот Дергачив во Украина.
„Руска ракета погоди и територија на аеродромот во Харков, а во гранатирање на областа Салтивка, повредени се три лица“, изјави гувернерот на регионот Харков, Олег Синегубов.
Руските сили извршија ракетен напад врз нафтена рафинерија во индустрискиот град Кременчук во централна Украина, уништувајќи го нејзиниот производствен капацитет и резервоарите за гориво. Соборен е украински авион Су-27 во регионот Харков. Украина тврди дека воспоставиле контрола над селата северно и северноисточно од Харков и ги потиснале руските војници кон границата.
Светските лидери треба да се подготват војната во Украина да трае и да ги разгледаат нејзините долгорочни последици, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан. Тој кажа дека војната ќе доведе до долгорочни последици во светот.foto EPA/OLEG PETRASYUK
Можеби ќе ве интересира
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?




