Добивај вести на Viber
Со метални шипки и удари по главата двајца маскирани напаѓачи го нападнале Саше Ивановски Политико, уредник и сопственик на порталот Мактел.мк.
Нападот се случил пред зградата во која живее, во Кисела Вода. Двајцата маскирани веднаш почнале да го маваат а тој се бранел со чантата која ја имал. Успеал да им побегне, но се здобил со повеќе повреди.
Повредите биле санирани во градска болница.
Полицијата потврди дека случајот е пријавен.
-Пријавено е дека бил нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од МВР.
фото: принтскреен Бриф.мк