19 Декември, 2025
0.0643

Напнато на Табановце: бегалците заглавени во кал

Објавено во: Економија 10 Март, 2016 08:53

Добивај вести на Viber

Околу 500 бегалци од кои најголемиот дел се Сиријци и Ирачани кои се заглавени во меѓузоната кај Табановце како и уште двојно поголемиот број во транзитниот центар чиј капацитет е одамна надминат, живеат во агонија дали и кога ќе го продолжат патот и каква ќе биде нивната судбина. Хуманитарците на терен велат дека состојбата  секојдневно станува вистински пекол  за овие луѓе кои буквално во кал ги минуваат деновите и ноќите. Временските услови  се уште еден дополнителен  проблем, па поради обилниот дожд прокиснуваат шаторите и тендите. Маре Бојковска од хуманитарната организација “Легис” веќе десет месеци е на терен. Деновиве најмногу на Табановце. Таа за Фактор вели дека досега ова за неа е најголемата хуманитарна катастрофа која ја има видено. Најтешко според неа е за децата и малите бебиња кои според  проценките надминуваат 30 отсто од бегалците. Хуманитарна помош вели има, но мора да се најде стратегија која ќе обезбеди подолгорочни решенија. “Јас веќе десет месеци сум на терен и во Гевгелија и во Табановце. Бев дел од хуманитарните екипи во соседна Србија кога минатата година ја зафатија поплавите. Но ова што сега се случува е вистински хаос. Овие луѓе буквално седат во кал.Меѓу нив има многи бебиња и мали деца. Немаат каде да легнат. Во меѓузоната е уште полошо. Добија мали шатори, но тие не се голема заштита, особено поради дождот. Тендите им помагаат колку да не се под отворено небо. Деновиве им поделивме чевли и облека, но на дождот и во калта ни тоа не помага. За неколку часа повторно се мокри. Немаат каде да се преоблечат, им делиме средства за лична хигиена. Храна се дели трипати во текот на денот”-објаснува Бојковска. На терен вели таа се повеќе невладини организации и екипите на Црвениот крст кои пружаат и 24 часовна медицинска и хуманитарна помош. Сите кои се на терен според неа несебично помагаат да се надмине или барем да се ублажи оваа состојба на неизвесност и нервоза кај мигрантите. Бојковска неможеше во целост да не информира околу деталите за сместувањето и текот на хуманитарните акции бидејќи за цело време околу неа кружеа дечиња кои бараат помош и внимание. За нив вели и е најтешко, бидејќи во нивните очи гледа очај и тага, а може да им помогне само онолку колку што и дозволуваат условите и предвидените програми на организацијата. Таа објаснува дека хуманитарците од “Легис” често  и по неколку пати се враќаат по залихи, топла облека и обувки бидејќи поради ладното време тие завршуваат за час во рацете на бегалците. УНИЦЕФ: Да се даде приоритет на заштитата на детските права! Верижната  реакција за затворање на границите и новиот режим за влез на бегалците во Шенген зоната  која дојде по Самитот на Европската унија и Турција на кој беше постигната начелна согласност за враќање на сите илегални мигранти кои ќе стигнат на грчките острови ја подгрева напнатоста и нервозата кај бегалците. За исходот од Самитот на ЕУ со Турција, реагираат од УНИЦЕФ. Оттаму нагласуваат  дека во спроведувањето на ваквите одлуки надлежните  во Европа, на Балканот и во Турција треба да се раководат според основниот хуманитарен принцип „не повредувај“ во сè што се однесува на грижата за децата бегалци и мигранти. Тековната тешка ситуација на границата меѓу Грција и Македонија,  велат од организацијата е и понатаму неприфатлива за децата кои се мнозинство од оние што чекаат на границата. Децата заглавени на премините се под најголем ризик од трговци со луѓе и приоритет мора да се даде на заштитата на нивните права. Иако деталите на спроведувањето на  планот од Самитот  остануваат нејасни, УНИЦЕФ ги потсетува државите на нивните одговорности и обврски да се гарантира правото на децата да бараат меѓународна заштита. “Децата не треба да се враќаат назад ако се соочуваат со ризици вклучително затвор, присилно регрутирање, трговија со деца и експлоатација.Да се овозможат безбедни и законски канали за децата што бегаат од војна и конфликти преку соодветни мерки вклучително обединување на семејствата така што децата, особено оние што се без придружба на возрасен, нема да станат плен на трговци со луѓе. Децата веќе претрпеа многу – бегство од војна и од конфликт и опасно патување. Дополнителен удар е што сега се принудени да спијат на отворено без пристап до основни услуги, без да знаат дали ќе можат да продолжат понатаму или ќе мораат да се вратат назад” – се вели во реакцијата на УНИЦЕФ. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка