20 Декември, 2025
0.0436

НАПРАВЕНО ВО УГАНДА: Би го купиле ли овој автомобил?

Објавено во: Свет 12 Декември, 2014 14:40

Добивај вести на Viber

Неколкумина инженери од Уганда изработиле електричен автомобил, а претседателот на оваа земја е толку воодушевен од нивната работа, што одлучил Уганда да тргне по патот на земјите со силна автомобилска индустрија и да застане „рамо до рамо“ со Германија и Јапонија. Проектот за електричен автомобил произведен во Уганда настанал во дворот на една деловна зграда во Кампала и е дело на двајца инженери. Тие работеле по методот обид и грешка, па и самите не се сосема сигурни што точно можат да очекуваат од конечниот производ. „Уште експериментираме како оптимално да ја искористиме сончевата енергија тука блиску до екваторот“, вели координаторот на проектот Пол Мусасизи. Кога својата визија му ја претставил на претседателот на Уганда Јовери Мусевени. тој толку се воодушевил што решил земјата да ја претвори во автомобилска велесила како Германија, Јапонија и САД. Затоа Мусевени веќе наредил од 2016-та година да започне да се гради голема фабрика на автомобили. Исто така, тимот на Мусасизи добил дополнителни средства од државата за истражување, па освен првиот мал електричен двосед за градско возење направиле и вистинска лимузина на хибриден погон. Следен проект за нив се очекува да биде производство на автобус. Во фабриката треба да работат околу 5.000 работници, а за сега во работилницата на Универзитетот има само 25. Мусасизи е сигурен дека Уганда е способна сама да произведе цело возило. „На почетокот во Уганда веројатно ќе ги составуваме деловите. Во Кенија се произведува стакло, во Танзанија гуми. Од тоа можеме да направиме сопствен автомобил. За околу седум години ќе бидеме во состојба да направиме и сопствен мотор“, вели овој истражувач. Неговата цел е годишно производство од 3.000 автомобили, што е квота што гигантот Тојота, на пример, ја исполнува за само три часа. Но, Уганда не е Јапонија и станува збор за сиромашна земја, во која главни стопански гранки се земјоделството и рибарството. Ретко кој може да си дозволи да купи велосипед, а автомобил вреден 20.000 евра не може да си дозволи речиси никој. Претседателот на Уганда за целиот проект издвои 350 милиони долари затоа што сепак е уверен во неговиот успех, надевајќи се пред се на шансата за пласман во соседните земји.    

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја