06 Декември, 2025
0.0362

„НАРЕДЕНО МУ Е ДА ЛЕЖИ, ШТО Е ПРОБЛЕМ САМО ПО СЕБЕ“: министерот Мали за состојбата на Вучиќ

Објавено во: Балкан 04 Мај, 2025 06:26

Добивај вести на Viber

Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ, по целосните прегледи направени во Воено-медицинската академија (ВМА) во попладневните часови во текот на вчерашниот ден ја напуштил болницата. Ова го соопшти првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за финансии Синиша Мали кој посочи дека претседателот на Србија изразил желба да ѝ биде пренесено на српската јавност дека му е подобро. 

Мали изјави дека разговарал со Вучиќ и дека им порачал на граѓаните дека нема да се предаде и дека ќе продолжи да работи. 

- Тој е силен човек, тоа е важно за граѓаните на Србија, ми рече дека е подобро. Еден ден, два, три му беше наредено да лежи, да се одмора, што е проблем само по себе, како што знаете, но овој пат ќе биде дисциплиниран. И се надевам на негово брзо закрепнување - рече Мали. 

Претходно началникот на управата за воено здравство, кардиологот Драган Динчиќ изјави дека здравствената состојба на Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна и дека не е реално да се врати на редовните активности во следните неколку дена. 

Тој рече дека за време на престојот во САД, претседателот Вучиќ почувствувал силна болка во градите што траела неколку секунди, и дека тоа не се согласувало со сведоштвото на другите кои биле во истата просторија со него. 

- Испил дополнителна терапија и по 45 минути, кога го измерил крвниот притисок, тој бил 165 со 98, што значи дека пред терапијата, притисокот бил повисок. Лекарите од Америка направиле сè и тој решил да се врати во земјата и покрај противењето на лекарите - додаде Динчиќ. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција